Оштетените штедачи од Еуростандард бараат брзо разрешување на случајот

Оштетените штедачи од Еуростандард бака апелираат до надлежните институции да реагираат доследо и да го решат овој, како што наведуваат во соопштение, масовен криминал во сега веќе затворената Еуростандард банка.

-Може веднаш да започнат со луѓето на раководни позиции во банката, оние кои го иницирале, организирале, развиле и спровеле криминалот преку делење на непокриени кредити, перење пари, фалсификувања и измами односно делени пари од депозитите на граѓаните и фирмите на вересија. Потоа лесно може да продолжат и со сите други инволвирани лица во криминалот, добро познати на раководните лица од банката. Вистината мора да се открие и правдата да се задоволи, а криминалците да одговараат за сторените проневери и злоупотреби. Зошто ако нема правда нема да има ни мир, наведуваат во соопштението.

Додаваат дека и по четири месеци од затворањето на Еуростандард банка никој не знае што се случило или каде завршиле парите, кој ги украл ниту пак дали некој ќе одговара за криминалот. -Напротив, сметаат, на главните носители на криминалот во банката, семејството Костовски, им се дозволува да отворат фирма за управување со инвестициски фонд за да продолжат со понатамошен грабеж или пак да го обновуваат познатиот „Кермес“ во градскиот парк во Скопје, и сето тоа со нашите покрадени пари.

Тие посочуваат на брзата реакција за случајаот со злоупотребата на парите од европските фондови и додаваат дека кога се работи за пари од европските даночни обврзници  надлежните институции реагираат и санкционираат молскавично, а кога се работи за пари на граѓани и фирми во државава на кои им се ограбени нивните лични доверени средства во банка, постапката се очекува да трае со години, да се остави на времето за да можеби никогаш и не заврши.

-Овие оштетени обични луѓе и фирми депоненти на банката, живеат, работат и функционираат во земјава, плаќаат даноци, се лојални на државата и директно придонесуваат во развој на домашната економија. Но сепак, кога ќе има потреба да државата ги заштити од проневери, злоупотреби и кражби и да веднаш ги санкционира оние кои тоа го направиле, тоа не се случува. Тие се оставени на немилост на системот којшто дозволил да бидат ограбени, излажани, измамени и оштетени, велат оштетените штедачи од Еуростандард банка. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе