Оштетените штедачи од Еуростандард денеска очекуваат мериторна одлука од Уставниот суд

Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка „Правда за штедачи”, очекува денеска Уставниот суд да ја одржи седницата на која точка на дневен ред е иницијативата за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки.

- Денеска е денот кога очекувваме мериторна одлука на Уставниот суд по однос на ова прашање, истакнаа од Здружението на собир утрово пред Уставниот суд.

Според нив нема сомнение дека оваа точка на дневен ред во изминатиов период доби огромен публицитет и интерес во јавноста и оти за нив тоа е разбирливо, бидејќи се работи за многу значајна законска одредба, која во суштина, може да предизвика реформа на законодавството во областа на банкарскиот систем.

- Токму затоа, ние во Здружението сме свесни дека тоа е причината од каде произлегуваат многубројните опструкции и обиди ова прашање да се стави „под тепих” или да се затвори со негативна одлука. Тоа би значело дека застапниците на тезата за зачувување на состојбата каква што е денес, успеале да ја сочуваат привилегијата која одредени влијателни банкарско-финансиски и политички лоби групи ја имаат во рамките на банкарскиот систем, наведоа од Здружението.

Сметаат дека нивното право зависи од Уставот, а не од персоналниот состав на судот и оти потребата од одлучување на ова прашање на денешната седница е поради фактот што доколку дојде до одлагање, имајќи ја во предвид состојбата со КОВИД-19 пандемијата, односот на силите во Собранието, претстојниот попис и локални избори, изборот на нови уставни судии може да потрае или да биде пролонгиран за временски неопределено долг период, што би значело дека постапката на неопределено време може да биде ставена „во мирување”. -Во таков случај, истакнуваат, доверителите, физички и правни лица на Еуростандард банка, можат да претрпат ненадоместлива штета.

Сметаат дека токму поради реалната опасност од настанување на ненадоместливи штетни последици, неоправдано е понатамошно одлагање на оваа точка од дневниот ред.

- Повторно ги охрабруваме сите уставни судии, без оглед на нивното мислење по однос на поднесената иницијатива, денес да заборават на било какви процедурални изговори, да навлезат во материјална расправа со аргументи во одбрана на своето мислење и да донесат мериторна одлука по иницијативата за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки. Во интерес на граѓаните, и врз основа на Уставот и законите. Секако, и во согласност со нивната заклетва како уставни судии, порачаа од Здружението.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе