Осум строги правила во McDonald's поради кои вработените може да добијат отказ

Во светот има околу 38.000 ресторани на McDonald's, а тие опстојуваат бидејќи вработените мора да следат одредени правила.

Има осум строги правила кои вработените мора да ги почитуваат доколку не сакаат да добијат отказ.

Неспорен факт за неспоредливиот деловен успех на McDonald's е дека компанијата продолжува да доминира на пазарот за брза храна.

Еден од начините на кои McDonald's успешно управува со толку многу сакан синџир за брза храна е со продажба на храна со сигурен вкус по ниска цена.

Ова се строгите правила кои работниците на McDonald's мора да ги следат. Некои од нив ве тераат да се запрашате што се случило „зад кулисите“ што довело до тоа ова да станат правила за кои нема компромис.

Бакшишот не завршува кај вработените

Вработените во McDonald's често добиваат бакшиш, меѓутоа, парите мора веднаш да се стават во кутијата Ronald McDonald House Charity (RMHC) на благајната. Од вработените се очекува да го следат ова правило бидејќи, според корпоративната веб-страница, рестораните на McDonald's имаат тимско опкружување каде поединците не се наградуваат.

Покрај тоа што се придржува до бизнис модел заснован на капитал, RMHC им помага на болните деца ширум светот и нивните семејства.

Ништо не е гратис

На работниците во McDonald's им е строго забрането да делат бесплатно храна и пијалаци. Нема бесплатно кафе за полицајци. Без гратиси, освен ако не сакате да ризикувате да добиете отказ затоа што всушност сте краделе од ресторанот.

Сендвичите се подготвуваат по одреден редослед

Сендвичите на McDonald's како Биг Мек или МекДабл се во суштина дизајнирани така да мора да се следи редоследот на подготовка. Секој вработен кој не ги следи точните чекори за составување на кој било бургер на McDonald's ризикува да биде отпуштен.

Нема играње

На вработените во Мекдоналдс строго им е забрането да ја играат популарната игра McDonald's Monopoly. И всушност, во некои случаи, дури и членовите на нивното потесно семејство не смеат да играат.

Задолжително е често миење раце

Ги знаете оние знаци во тоалетите во рестораните на кои пишува: „Вработените мора да ги мијат рацете пред да се вратат на работа“, нели? Па, тоа се навистина принудни политики. Во многу локации на McDonald's, менаџерите наложуваат секој вработен да ги мие рацете на секои 30 минути или да се соочи со дисциплинска постапка или дури и прекин.

Секогаш иста порција

Според поранешен вработен во McDonald's, ако работникот не ги мери количините на производи како помфрит или милкшејк, може да биде отпуштен. Тој наведува дека е дозволено пречекорување од само 7,4 мл кога станува збор за шејковите, во спротивно може да ризикувате отпуштање.

Црни панталони и сјајни црни чевли

McDonald's им го обезбедува на своите работници поголемиот дел од нивната униформа, вклучувајќи кошула, капа (или визир), престилка и ознака со име. Но, што се однесува до панталоните и чевлите, работникот мора да ги набави и тие треба да исполнуваат многу строги критериуми. Панталоните мора да бидат црни и не смее да бидат фармерки, спортски панталони или хеланки. Чевлите мора да бидат нелизгави, црни и полирани, што значи дека мора да бидат од кожа или синтетичка кожа.

Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Чек дис аут

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Кружен ток не е за секој

Read more

15 најмистериозни езера во светот

Read more

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Терапевт истакна особина што ги открива токсичните татковци

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ролат со спанаќ и лосос

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Читај повеќе

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Читај повеќе

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Читај повеќе

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Читај повеќе

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Читај повеќе
  • play_arrow

Кружен ток не е за секој

Читај повеќе

Епизода на Jackass се снимала во Скопје?

Читај повеќе