Отчет на Ѓорѓиевски: За две години реализирани се 90% од 4-годишната програма

Под слоганот „Големи идеи, за сериозни промени“, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски синоќа го презентираше отчетот од својата двегодишна работа на чело на Општина Кисела Вода.

Реализирани се 90% од целокупната предизборна програма, предвидена за 4 години, истакна во своето излагање, додавајќи дека како никогаш досега во овие 30 години, е извршена обнова на инфраструктурата. Асфалтирани се 44 км улици, атмосферска мрежа во должина од 5.470 метри, фекална канализациона мрежа 6.690 метри и 3.610 метри водоводна мрежа. Изградени се 1.300 нови паркинг места, два нови пазари, а големи се и инвестициите во образованието.

Како што информираше градоначалникот Ѓорѓиевски, сите училишта се опремени со смарт уреди, обезбедени се компјутери за сите наставници, ранчиња за сите првачиња, наскоро и униформи за сите основци. Изградени се сензорни соби во сите училишта, изградени и обновени спортски училишни сали.

„За само две години, имаме две нови градинки. Ја ставивме во функција градинката во Драчево и за првпат отворивме нова, целосно инклузивна градинка во Усје. Неколку објекти со значително проширен капацитет. Ги распишавме условите за избор на најповолен изведувач за реконструкција и проширување на градинката „Пеперутка1“ во Драчево, а наскоро ќе градиме целосно нов објект во 11 Октомври Згради, намалувајќи ги од листите на чекање од 400 на двоцифрен број дечиња“, потенцираше градоначаликот Ѓорѓиевски.

Тој посебно ја истакна изградбата на спортската инфраструктура, со посебен акцент врз обновата на запуштените спортски терени и локации кои некогаш беа култни места. Се работи за 11 спортско-рекреативни центри и паркови.

Кисела Вода е првата дигитализирана општина на Балканот која за граѓаните обезбеди услуги по електронски пат, а наспроти минатото во кое оваа локална самоупрва беше симбол за криминал и корупција, сега е првата општина која после 1965 година распиша меѓународен конкурс за идејниот лик на Расадник, поддржан од сите македонски авторитети од областа на урбанизмот и архитектурата, како и од своите жители. Жири комисијата која имаше меѓународен карактер одлучи дека Расадник кој претходното раководство сакаше да го загуши со 99 згради, сега ќе се уредува согласно принципите за хумано живеење. Градоначалникот Ѓорѓиевски информираше и за сетот мерки за поддршка на социјално загрозените граѓани, за старите лица, како и за лицата со попреченост. Заокружи со проектите од културата после кои Општина Кисела Вода стана симбол за одличен културно-забавен живот во главниот град.

Градоначалникот Ѓорѓиевски потенцираше дека и покрај тоа што го презеде раководството на Општина Кисела Вода со наследен долг од 3 милиони евра, сега таа е во ликвидна кондиција и притоа се спроведува рамномерен развој во сите населби. Во контекст на буџетот и транспарентноста, на влезот од Домот на културата „Билјана Беличанец“, каде се одржа настанот, имаше штанд каде граѓаните ги запишуваа своите идеи за претстојниот Буџет 2024.

„Концептот 'Големи идеи за сериозни промени' го продолжуваме со уште поголема енергија и одлучност, користејќи го секој ден што ни претстои за поубава Кисела Вода во која ќе биде престиж да се живее, инвестира и работи“, потенцираше на крајот градоначалникот Ѓорѓиевски заблагодарувајќи им се на сите граѓани, на Советот и неговиот претседател и на администрацијата за цела досегашна поддршка и посветена работа.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе