Откриен корален гребен висок колку Емпаер стејт билдинг

Научници од Австралија, мапирајќи го морското дно, пронајдоа гребен широк 1,5 км и висок повеќе од 500 метри.

За споредба, тоа е повисоко од Емпаер стејт билдинг во САД, огромна зграда од 102 ката.

Овој гребен се наоѓа на северниот крај на познатиот Голем Корален Гребен, близу Квинсленд. Наместо со тврди и остри корали, тој е покриен со сунѓери, меки корали и морска трева.

Со помош на подводна камера, научниците од Институтот „The Schmidt Ocean“ утврдија и дека тука живеат голем број риби, а како што рекоа, и покрај фактот што ја истражуваат оваа област веќе неколку години, новото откритие им постави многу неодговорени прашања.

Remote video URL
Што се корални гребени?

Коралните гребени претставуваат океански хабитати кои се богати со жив свет. Масивната структура на гребенот се образува од коралните полипи, ситни животни кои живеат во колонии. Кога коралните полипи изумираат, тие оставаат цврста каменеста разгранета структура составена од варовник.

Коралот е засолниште за многу животни во овој сложен хабитат, вклучувајќи сунѓери, голожабрени полжави, риби, медузи, анемони, морски ѕвезди, ракови, желки, морски змии, полжави и други мекотели (октоподи, наутилуси и школки). Постојат два типа на корали: цврсти и меки корали. Цврстите корали имаат цврсти, варовнички скелети кои ја образуваат основата на коралните гребени. Меките корали не градат корални гребени.

Коралните гребени се развиваат во плитка, топла вода, најчесто близу копното и обично во тропските предели; коралите сакаат температури меѓу 21 до 30 °C. Постојат корални гребени во водите далеку од источниот брег на Африка, потоа кај јужниот брег на Индија, во Црвеното Море, како и кај бреговите на североисточна и северозападна Австралија и кај Полинезија. Исто така постојат гребени кај брегот на Флорида во САД, потоа кај Карибите и Бразил.

Големиот Корален Гребен е најголемиот корален гребен во светот. Долг е преку 2.000 километри.

реклама

Таксист нашол 300.000 евра и му ги вратил на сопственикот

Read more

Генијален трик за возачи: Одмрзнете ги прозорците за 10 секунди

Read more

Ова се најдобрите серии во последните 10 години

Read more

Филипче: Вратени на работа 40 медицински сестри

Read more

Вести

ЕУ покрена постапка за враќање во сообраќај на авионите Boeing 737 Max

Read more

Кина успешно лансира роботизирано летало на Месечината

Read more

Клучни информации за дел од досегашните вакцини против COVID-19

Read more

Велешка „Брако“ создаде моќна еколошка машина за чистење

Read more

Гик

ЕУ покрена постапка за враќање во сообраќај на авионите Boeing 737 Max

Читај повеќе
  • play_arrow

Запознајте се со CAT S42, првиот телефон со антибактериска заштита

Читај повеќе

Snapchat нуди милион долари дневно за најзабавните видеа

Читај повеќе

Кина успешно лансира роботизирано летало на Месечината

Читај повеќе

Клучни информации за дел од досегашните вакцини против COVID-19

Читај повеќе
  • play_arrow

Бекам ќе заработи од FIFA 2021 повеќе отколку што заработи со Манчестер

Читај повеќе

Познати нови детали за смартфонот OnePlus 9 Pro

Читај повеќе

Велешка „Брако“ создаде моќна еколошка машина за чистење

Читај повеќе

Никој не го прашува Трамп: Бајден ќе го добие претседателскиот профил на Twitter

Читај повеќе