Откриена незамисливо голема црна дупка

Британски астрономи открија огромна црна дупка, околу 30 милијарди пати поголема од масата на Сонцето. Научниците од Универзитетот Дурам рекоа дека црната дупка е една од најголемите откриени досега.

Тимот ги опиша наодите објавени во стручното списание Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, како „исклучително возбудливи“.

„Оваа конкретна црна дупка, која е приближно 30 милијарди пати поголема од масата на нашето Сонце, е една од најголемите откриени досега“, рече водечкиот автор д-р Џејмс Најтингел, од Катедрата за физика на Универзитетот во Дурам.

Супермасивните црни дупки се најмасивните објекти во универзумот, со маса помеѓу 10 и 40 милијарди пати поголема од масата на Сонцето. Астрономите веруваат дека тие можат да се најдат во центарот на сите големи галаксии, како што е Млечниот Пат.

Ултрамасивните црни дупки се ретки, а нивното потекло е нејасно. Некои веруваат дека тие се формирани со екстремно спојување на масивни галаксии пред неколку милијарди години, кога универзумот бил сè уште млад. Научниците го искористија ефектот на гравитациона леќа за да откријат црна дупка, регион каде гравитационата сила е толку силна што дури и светлината не може да избега.

Тие потоа користеа суперкомпјутерски симулации на Универзитетот Дурам и слики направени од вселенскиот телескоп Hubble за да ја потврдат неговата големина. Тие рекоа дека ова е првата црна дупка откриена со помош на гравитациони леќи.

„Повеќето од најголемите црни дупки за кои знаеме се во активна состојба, каде што материјата вовлечена во близина на црната дупка се загрева и ослободува енергија во форма на светлина, рендгенски зраци и друго зрачење“, рече Најтингел.

„Сепак, гравитационите леќи овозможуваат проучување на неактивни црни дупки, нешто што моментално не е можно во далечните галаксии. Овој пристап би можел да ни овозможи да откриеме уште многу црни дупки надвор од нашиот локален универзум и да откриеме како овие егзотични објекти еволуирале понатаму во космичката време“, рече тој.

Научниците рекоа дека нивната работа ја зголемува „возбудливата можност“ астрономите да откријат повеќе ултрамасивни црни дупки отколку што се мислеше.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе