Откриена статуа на Коби Брајант, Ванеса одржа емотивен говор

Статуата на легендарниот американски кошаркар и поранешна ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс Коби Брајант беше откриена синоќа за време на церемонијата пред арената Crypto.com.

Пред четири години, пензионираниот 41-годишен Брајант загина во хеликоптерска несреќа заедно со неговата ќерка Џиана, шестмина патници и пилотот.

Скулптурата, дело на скулпторката Џули Ротблат Амрани, го прикажува Коби со показалецот од десната рака насочен кон небото, моментот кога го напушти теренот во јануари 2006 година, откако постигна рекордни 81 поен против Торонто.

URL

На церемонијата присуствуваа неговата сопруга Ванеса, сопственичката на ЛА Лејкерс, Џини Бус, легендата на НБА, Карим Абдул-Џабар и неговиот поранешен тренер Фил Џексон.

„Ова не е само за Коби, туку и за сите вас кои го поддржувавте низ годините“, рече сопругата Ванеса за време на церемонијата.

URL

Да потсетиме, Брајант во текот на кариерата петпати беше шампион во НБА и тоа секојпат со ЛА Лејкерс, каде ја помина целата своја кариера.

Двапати беше прогласуван за најкорисен играч на финалната серија, а на НБА Ол-стар натпреварите се појави 18 пати и освои два олимписки златни медали.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Кошарка

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Read more

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Read more

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Read more

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more
 

Спорт

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе