Наскоро на пазарот доаѓа OnePlus 12, а сега се познати некои детали за овој смартфон.
Мобилниот телефон ќе користи 6,82-инчен екран од 18,8:9 во споредба со 6,7-инчниот 20:9 екран на неговиот претходник. Станува збор за резолуција од 1.440 x 3.168 пиксели, додека максималната осветленост достигнува 2.600 nits. При слаба осветленост, екранот ќе користи високофреквентно PWM затемнување од 2.160 Hz. Според CAD рендерите, може да се заклучи дека дисплејот на новиот модел ќе биде малку позакривен во однос на OnePlus 11.
Новиот панел ќе го произведува BOE, додека стариот е произведен од Samsung. Сè уште ќе биде LTPO панел со стапка на освежување од 120 Hz.
OnePlus 12 ќе има до 24 GB RAM и 1 TB простор, додека врвниот модел имаше 16 GB RAM и 512 GB внатрешна меморија.
Презентацијата се очекува во декември во Кина, додека смартфонот на светскиот пазар ќе пристигне по јануари.
Да спомнеме и дека OnePlus 12 ќе се напојува со новиот процесор Snapdragon 8 Gen 3, како и главна камера од 50 MP (Sony IMX966), ултра широка камера од 48 MP и перископска со 3x зум. Ќе се напојува од батерија со капацитет од 5.400 mAh (400 mAh повеќе од неговиот претходник), а ќе поддржува жично полнење од 100 W и безжично полнење од 50 W.