Откриено како напаѓачот го набавил оружјето: Уапсени се повеќе лица, едниот има 16 години

Според последните информации, бројот на починати во нападот во Виена порасна на петмина починати, што значи дека настрадаа четири минувачи и еден напаѓач.

„Уште една жртва им подлегна на повредите по терористичкиот напад во Виена, така што бројот на починати порасна на 4“, изјави австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер за АPA.

Четвртата жртва е жена на возраст помеѓу 40 и 50 години која почина во една од виенските болници.

URL

Уште седум други луѓе се борат за живот, пренесува АPA. Во повеќе болници во градот има 17 луѓе кои се тешко повредени, а 10 луѓе се во шок.

Сè уште не е познат точниот број на напаѓачи. Најмалку 1 од нив е во бегство.

Што знаеме досега?

1. Во нападот се убиени 4 луѓе и еден терорист. Жртви на нападот се случајни минувачи, двајца мажи и една жена. Тешко се ранети 17 лица, а меѓу ранетите луѓе е и еден полицаец.

2. Во тек е полициска акција и се трага по осомничените. Напаѓачот од Виена е идентификуван како Кујтим Фејзулаи, за кого министерот за внатрешни работи Карл Нехамер потврди дека минатата година бил осуден поради обид да се приклучи на Исламска држава. Станува збор за 20-годишно момче чии родители се Албанци од Македонија, имал двојно државјанство и им бил познат на полициските органи од претходно. 

Читајте следно: Австрискиот МВР потврди дека напаѓачот во Виена потекнувал од Северна Македонија

3. Нападот се случи на шест локации во градот, а сè уште не е познат точниот број на напаѓачи.

Remote video URL

Полицијата изврши претрес на домовите на терористите и приведе лица за кои се сомнева дека се поврзани со синоќешниот напад.

Не е јасно за колку напаѓачи станува збор, приведени се уште 12 луѓе и во тек е претрес на становите на осомничените.

4. Курц изјави дека станува збор за планиран напад. Полицијата доби 20.000 снимки од нападите, а ги молат граѓаните да останат дома. Затворени се и училиштата.

URL

Како што пишува австриски Heute.at, осомничениот го набавил оружјето во Словачка. Тој во средината на јули отпатувал во Словачка со еден пријател. Патувале со автомобил кој припаѓа на мајката на еден од осомничените од Косово. Засега се уапсени 12 лица на возраст од 16 и 25 години. Еден од уапсените е роден во Косово. 10 од нив се уапсени во Виена, а двајца во Санкт Пелтен.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Свет

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Read more

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Read more

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Read more

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Read more
 

Вести

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Читај повеќе

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Читај повеќе

Маж од Чаир физички ја нападнал вонбрачната партнерка

Читај повеќе

Променливо време со температури до 26°C

Читај повеќе

Денес свечено примопредавање на претседателската функција

Читај повеќе

Доларот зајакна во однос на повеќето други валути

Читај повеќе

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе