Отворена фабрика за производство на медицински канабис, инвестиција од 16 милиони евра

Првата македонска компанија лиценцирана за одгледување канабис за медицински цели „НЈСК Холдинг“ денеска отвори производствен капацитет за кој инвестираше над 16 милиони евра.

Новата фабрика се протега на површина од 17.800 метри квадратни во индустриската зона Чојлија во општина Петровец. Новиот производствен погон располага со најсовремена опрема за хемиско-физичка и микробиолошка лабораторија за која се инвестирани над еден милион евра.

Според премиерот Зоран Заев, кој заедно со министерот за здравство Венко Филипче присуствуваше на отворањето на фабриката, ваквите инвестиции во услови на криза и пандемија влеваат сигурност, отворање на нови работни места и стимулирање на деловната активност.

Успехот на секоја една компанија е и национален успех, рече Заев, упатувајќи порака до претпријатијата и претприемачите да ги насочат инвестициите кон нови трендови и иновации и да се фокусираат кон производи и услуги со повисока додадена вредност подготвени за извоз.

– Светската економија се преструктуира и доколку сакаме да одиме напред, ние мораме да фатиме чекор со глобалните економски трендови. Одредени индустрии можат и тоа како да ја поттикнат домашната економија и да придонесат да се вратиме на патеките на напредок и економски раст, рече Заев.

Тој се надева дека Парламентот ќе ги донесе измените на Законот за опојни дроги со кои ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели. Ако тоа се направи до крајот на годинава, според Заев, следната година може да се очекува преку 250 милиони евра производство на канабис за медицински цели.

Смета дека треба да се отвори дебатата за легализација на марихуаната и да се слушне мислењето на стручната фела и на граѓаните.

– Дебатата за легализација на марихуаната го гледам од економски аспект заради развојот на услугите и угостителството. Нашето угостителство и услужните дејности многу малку учествуваат во БДП, а ваквите производи можат да бидат сериозна иницијална каписла за развој на БДП. Министерството за внатрешни работи фаќа по 100, по 200 килограми марихуана и ред е системот да размисли дали тоа треба да го стави во закон. Треба овие дебати да ги отвориме, истакна Заев.

За министерот за здравство Венко Филипче, одгледувањето на медицинскиот канабис е значаен сегмент којшто има иднина насекаде во светот бидејќи се повеќе клинички студии покажуваат дека тој може да помогне многу во сферата на медицината.

– Ова е едно поле коешто има голема иднина, коешто во наши услови отвора можност за отворање на многу работни места. Нашиот закон за опојни дроги е веќе во собраниска процедура. Ќе претрпи измени со коишто дополнително ќе ги стимулираме и инвеститорите, но и младите луѓе да ја гледаат иднината во нашата земја затоа што ова значи работа за многу висококвалификуван кадар во сферата на фармацевските науки, истакна Филипче.

Според извршниот директор на компанијата Златко Кесковски, производствениот капацитет за одгледување на медицински канабис е најголем во Европа во кој се запазени сите стандарди по кои треба да работи оваа индустрија.

– Во време на COVID-19 и во време на криза која што се случи во светот во изминатиот период, нашата компанија најде снага и сила да доинвестира и да ги вложи последните средства за изградба на овој капацитет. Во изминативе четири години, вклучувајќи го и овој капацитет вложиме 20 милиони евра во своите капацитети во оваа иднустрија за развој којшто треба да не одведе во европските држави и во светот со најквалитетен производ произведен во нашата држава.

Компанијата НJСК е дел од групацијата PHCSNN Internationale основана 2016 година и има лиценци за одгледување медицински канабис, лиценца за екстракција на медицински канабис и лиценца за производство на финални фарамецевски производи.

Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Бизнис

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе