Ова е убиецот од Плимут: Мрази жени, го сака Трамп и луд е по оружје

Пет лица беа убиени синоќа во напад во англискиот град Плимут. Британските медиуми пренесуваат дека напаѓачот е Џејк Дејвисон, маж на 20-тина години.

Полицијата соопшти дека напаѓачот бил пронајден мртов на местото на настанот и дека имал прострелна рана. Идентитетот на напаѓачот сѐ уште не е официјално потврден.

Remote video URL

Пријателите биле загрижени за неговото ментално здравје

Иако живеел во Плимут, на неговиот Facebook профил се наведува дека потекнува од Феникс, САД. Тој го поддржувал Доналд Трамп на социјалните мрежи и споделувал бројни статуси за истражување на вселената. Тој, наводно, работел за Babcock International каде во април беа најавени отпуштања на илјада вработени.

Многу луѓе кои го коментираат неговиот профил на социјалните мрежи, и кои тврдат дека го познавале, пишуваат дека биле загрижени за неговото ментално здравје и се споменува неговата неодамнешна битка со тумор во семејството.

Опседнат со американската култура на оружје

The Sun пишува дека Дејвисон е десничар опседнат со американската култура на оружје. Неговиот Facebook е полн со американска пропаганда, како слика на орел пред знаме и слика на статуа на која е прикажан колонијален земјоделец кој држи пушка.

Дејвисон има и канал на YouTube каде зборува за неговиот неуспешен љубовен живот. Ја следи Incel TV- онлајн група за поддршка на луѓе во „несакан целибат“, која се карактеризира со мизогинија и теории за машката надмоќ.

Во едно видео, Дејвисон вели: „Многу пропуштив како тинејџер, се надевам дека ќе можам да надоместам... Не се залагам за ова, но ако морам, можеби дури и ќе се обидам да користам дрога за да надоместам за тоа, можеби секс на кокаин или нешто друго, можеби може да го надомести пропуштеното тинејџерско искуство“.

Пред само две недели, Дејвисон зборувал за тоа колку е тешко да се „има волја“ кога „животот никогаш не те наградил“. Во други видеа, тој се жали дека е девица, а себе си се карактеризира како „машина за убивање“

Четири лица починале на лице место, а едно во болница

Се појавија информации дека родителите на напаѓачот се меѓу жртвите, но тоа не е официјално потврдено. Имињата и возраста на жртвите не се соопштени, но локалниот советник Лук Полард рече дека едно од убиените е „дете под десет години“.

Непотврдени извештаи на сведоци наведуваат дека меѓу жртвите има маж погоден во стомакот и постара жена. Меѓу убиените наводно имало и две лица кои шетале кучиња. Четири лица починале на лице место, а едно во болница, пренесува BBC.

„Прво имаше викање, а потоа истрели“

Еден очевидец напиша на социјалните мрежи: „Во мојата улица дивее момче со вистински пиштол и веќе застрела две лица“.

„Лежат на земја. Еден е мртов - крв има ​​насекаде. Се тресам како лист.“ Друго лице објави: „Дечкото пукаше во членовите на своето семејство, а потоа излезе на улица“.

Шерон, која живее во близина, изјави за BBC: „Прво имаше викање, а потоа истрели - три, можеби четири на почеток“.

„Напаѓачот со нога ја отвори вратата на куќата и почна да пука насекаде... Излета од куќата и пукаше додека трчаше и продолжи да пука кон неколку луѓе во паркот.“

Робертт Пинкертон (54) за Plymouth Live изјави дека слушнал силен тресок. Свртел на свиокот и налетал на човек со пиштол.

Тој рече дека видел повредена жена пред вратата на фризерски салон и маж како се обидува да ѝ помогне. Пинкертон рече дека мажот поминал покрај него кон гаражите и дека тој останал со повредена жена.

Remote video URL

Ова е прв „активен напад“ во Велика Британија во последните 11 години

Полицијата потврди дека се убиени три жени и двајца мажи и дека напаѓачот потоа си го одзел животот. Се наведува дека овој напад не е поврзан со тероризам.

„Чекам потврда за бројот на жртвите, но ова изгледа како ужасен ден за нашиот град и нашата заедница. Ве молам мислете на семејствата и на нашата заедница и не споделувајте фотографии и снимки од ниту една жртва“, напиша на Twitter Лук Полард, пратеник од Плимут.

Ова беше прв „активен напад“ забележан во Велика Британија во последните 11 години, откако таксистот Дерик Бирд уби 12 луѓе во Камбрија летото 2010 година.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе