Оживеа легендарната спојка од Word, сега како ВИ помошник

Секој што во доцните 90-ти и раните 2000-ти користел Word сигурно се сеќава на помошникот Clippy.

Се сеќавате на спојката Clippy што жареше и палеше во Word? Верувале или не, оваа легендарна маскота се враќа од мртвите како ваш личен асистент поддржан од вештачка интелигенција.

Кога прв пат беше претставен во програмите на Office 97, Clippit (прекарот му е Clippy) на хартија беше одлична. Microsoft сакаше на своите корисници да им понуди виртуелен асистент во време кога таквата технологија беше години далеку. Сепак, иако многумина го паметат преку розовите очила на носталгијата, Clippy важеше за досадно сметало со малку корисни работи во понудата, па затоа гигантот од Редмонд го отстрани од програмите на Office 2007.

Сепак, на крилјата на носталгијата, корисниците во 2021 година изгласа Clippy да се врати, а неговиот лик денес е достапен како емоџи во оперативниот систем Windows 11 наместо стандардна спојка.

Меѓутоа, сега на Clippy му вдахнаа нов живот, не од Microsoft, туку од студиото FireCube, кое ја врати неофицијалната верзија на култната спојка како асистент на Windows, напојуван со вештачката интелигенција ChatGPT.

Корисниците кои сакаат повторно да го видат стариот пријател можат да го преземат целосно бесплатно во продавницата за апликации на Microsoft Store, но за негово функционирање потребно е да го внесат клучот OpenAI API, што може многу да ја ограничи функционалноста. Сепак, инвеститорот тврди дека тоа во иднина нема да биде случај.

Ние сепак ве советуваме да бидете внимателни кога преземате апликации што ги „покренува ChatGPT“. Многумина се обидуваат да ја искористат популарноста на оваа вештачка интелигенција и да ги измамат корисниците да преземаат малициозен софтвер.

Доколку не сте од оние што со задоволство се сеќаваат на Clippy, а сакате ваш личен асистент за Windows, веруваме дека Copilot, најновото решение на Microsoft, ќе биде многу покорисно кога конечно ќе стане достапно во оперативниот систем Windows 11.

Тагови
реклама

Софтвер

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Read more

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Read more

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more
 

Гик

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе