Пад на цените на нафтата

На светските пазари минатата недела цените на нафтата паднаа бидејќи централните банки нема да ги намалат каматните стапки толку брзо како што се очекуваше, па трговците стравуваат од дополнително забавување на економскиот раст, а со тоа и на побарувачката за „црното злато“.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 1,8 отсто, на 82,08 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 2,5 отсто, на 78,01 долар.

Така, цените минатата недела загубија голем дел од добивката од претходната недела, а трговците беа фокусирани на монетарната политика.

Во извештајот до Конгресот за економската ситуација, претседателот на американската централна банка Џером Пауел рече дека лидерите на ФЕД сакаат да бидат сигурни дека инфлацијата ќе продолжи да слабее кон целното ниво од 2 отсто пред да одлучат да ги намалат каматните стапки.

Коментарите на Пауел ги зајакнаа пазарните проценки дека ФЕД може да започне со намалување на каматните стапки во јуни, подоцна од очекуваното.

А тоа значи дека може да очекуваме дополнително забавување на растот на најголемата светска економија, како и на потрошувачката, па не би требало да се зголемува ниту побарувачката на нафта.

Лидерите на Европската централна банка, пак, очекувано на седницата во четвртокот ги оставија каматните стапки непроменети на рекордно високи нивоа. Сепак, тие сигнализираа дека во јуни може да почнат со намалување на каматните стапки.

Позначителен пад на цената на нафтата спречија податоците за меѓународната трговија на Кина, кои беа подобри од очекувањата. Ова ги поттикна надежите дека закрепнувањето на втората по големина светска економија се забрзува.

Главно поради геополитичките тензии на Блискиот Исток, од почетокот на годинава цената на нафтата на лондонскиот пазар е зголемена за речиси 7 отсто, а на американскиот пазар за речиси 8 отсто, откако минатата година падна за околу 10 отсто.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе