Падна договор: 12 ЕУ земји се договорија за ковид-пасоши

Дванаесет земји-членки на Европската Унија постигнаа договор околу критериумите според кои ќе се издаваат таканаречените ковид-пасоши, кои во време на пендемија ќе го олеснат протокот на туристи на Стариот континент.

Денеска на состанокот во Виена договор падна помеѓу Австрија, Германија, Грција, Данска, Италија, Кипар, Малта, Португалија, Словенија, Франција, Хрватска и Шпанија околу ковид-пасошите.

„Нашата цел е 'зелениот-пасош' брзо, и по можност, во еден единствен облик да се применива на ниво на ЕУ“, изјави за APA австриската министерка за туризам, Елизабет Кестингер.

Според неа, се работи за прашање за опстанокот на европскиот туризам.

„'Зелениот пасош' преку QR код веднаш ги дава информациите околу тоа дали сопственикот е вакциниран, тестиран или го прележал коронавирусот. Со тоа е овозможена едноставна и практична примена на подрачјето на ЕУ. Од чекирање на аеродромите до посети на селските гостилници“, додава Кестингер.

Нагласи и дека, во секој случај, целта на овој вид на документ не е да се изврши притисок врз народот за да се вакцинира.

Осетливите здрваствени податоци на носителите на ковид-пасоши, воедно, би останале во земјата од каде што е индивидуата и не би се споделувале на централно ниво во ЕУ.

Листата на критериуми е предадена на контрола во Европската комисија, која во наредните денови треба да донесе одлука околу нејзината примена.

Наредниот чекор ќе биде усогласување на примената на ковид-пасошите во трети земји.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Свет

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Read more

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Read more

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Read more

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова не рече „Северна“ пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Читај повеќе

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Читај повеќе

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Читај повеќе

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Читај повеќе

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Читај повеќе

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Читај повеќе

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Читај повеќе

Маж од Чаир физички ја нападнал вонбрачната партнерка

Читај повеќе

Променливо време со температури до 26°C

Читај повеќе