Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Филип Здравески
/ 22.04.2024 / 12:36

Општо познато е дека и покрај големото ривалство, миланското дерби е веројатно најмирното кога станува збор за навивачки нереди. Но, како воопшто дошло до такво нешто?

Не било отсекогаш така. Популарно познато како ил Дерби дела Мадонина порано изобилувало со тепачки и пресметки меѓу двете страни. Непријателствата оделе дотаму што имало и жртви. Годината на пресвртот е 1981, кога паднала последната жртва - последна затоа тогаш седнале на маса и се договориле никогаш повеќе да не се повтори.

Во 1981 година Милано бил градот домаќин на сега веќе заборавеното натпреварување наречено Мундијалито - односно „мал мундијал“ (официјално името било Coppa Super Clubs). Тоа бил првиот турнир од трите што се одржале во 80-тите, се играл на „Џузепе Меаца“, а покрај Интер и Милан учествувале и уругвајски Пењарол, холандски Фејнорд и бразилски Сантус.

Се играло во една група, сите пет секој против секого по еднаш. Во последното коло се играло големото миланско дерби, а Интер влегол како прв со 5 бода, додека Милан, Сантус и Фејнорс сите имале по 3. На 28 јуни од 21 часот почнал натпреварот пред 45 илјади гледачи, веднаш откако претходно Сантус го победил Фејнорд со 2:0.

Интер победил со 3:1 и станал неофицијален светски шампион, но победата останала во сенка на смртта на 21-годишниот Виторе Палмиери, навивач токму на Интер. По завршувањето на натпреварот, надвор од стадионот дошло до пресметка помеѓу двете навивачки групи - Курва Суд и Курва Норд, во која тешко бил повреден младиот интериста.

Речиси три месеци по натпреварот Палмиери починал поради повредите здобиени од навивачите на Милан. Тогаш воџите на двете навивачки групи одржале состанок и го договориле фамозниот Patto di non belligeranza (Невоинствен пакт), познат и како Trattato di amicizia (Договор за пријателство). Во Пактот, кој бил и на хартија, стои: „Нема повеќе судири меѓу нас, инаку ќе ни умре некој. Повторно“.

Овој пакт важи до ден денес, и ќе важи и понатаму. И го почитуваат двете страни, со ретки исклучоци на неважни закачки помеѓу поединци и мали групи, кои се веднаш осудени и критикувани од двете Курви*.

Денес во Милано на денот на натпреварот навивачите безбедно се шетаат низ улиците носејќи го својот омилен дрес, шал, знаме, се возат со градското метро без разлика колку противнички навивачи има до нив. Дербито дела Мадонина е најбезбедното дерби во светот, кога се во прашање навивачите, а сѐ благодарение на тој Невоинствен пакт потпишан пред речиси 43 години.

Милан и Интер вечерва играат од 20:45 часот (Arena Premium 1) во натпревар на кој домаќини се „Росонерите“, но „Нераѕурите“ може да ја прослават титулата доколку останат непоразени. А, тоа ќе значи и освојување на втората ѕвездичка на нивниот амблем, оти ова Скудето за Интер ќе биде 20-то. Несомнено е дека црно-сините навивачи ќе го преплават Милано и ќе слават до доцна во ноќта, иако на „Меаца“ ќе има многу повеќе црвено-црни навивачи. Договорот за пријателство е во сила, дали ќе остане до утре, ќе видиме...

*Курва (curva) на италијански всушност значи „кривина“, а навивачите го користат зборот бидејќи трибите каде тие се сместени најчесто се заоблени, како кривина.

реклама

Посен ролат со спанаќ за Свети Никола

Read more

Гатузо го исполни ветувањето и по 22 години ја избричи брадата во Сплит

Read more

Кит изведе епска миграција од 13.000 километри

Read more

Од Звезда урлаат по судијата за кражбата против Милан: Ова беше вооружен грабеж

Read more

Фудбал

Разговорот на Тоти, Малдини и Ди Бјаџо пред пеналите со Холандија на ЕУРО 2000

Read more

Од Звезда урлаат по судијата за кражбата против Милан: Ова беше вооружен грабеж

Read more

ФИФА ги потврди организаторите на Мундијалите во 2030 и 2034 година

Read more

Гатузо го исполни ветувањето и по 22 години ја избричи брадата во Сплит

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Разговорот на Тоти, Малдини и Ди Бјаџо пред пеналите со Холандија на ЕУРО 2000

Читај повеќе
  • play_arrow

Од Звезда урлаат по судијата за кражбата против Милан: Ова беше вооружен грабеж

Читај повеќе

ФИФА ги потврди организаторите на Мундијалите во 2030 и 2034 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Гатузо го исполни ветувањето и по 22 години ја избричи брадата во Сплит

Читај повеќе
  • play_arrow

Шкотите разочарани од Максимир: Поздрав од најгрдиот стадион во Европа

Читај повеќе

Хамилтон: Фетел е најдобриот светски шампион што го познавам

Читај повеќе

Перес и Инфантино на преговарачка маса: Има многу теми, но две се клучни

Читај повеќе
  • play_arrow

Мбапе погоди, па се повреди

Читај повеќе

Црвена звезда си ја бара одземената титула од 1986, Вардар спие за неговата од 1987

Читај повеќе