Папата бакна број истетовиран на рака на преживеана од Аушвиц

МИА / КАЈГАНА
/ 26.05.2021 / 17:59

Папата Франциск бакна број истетовиран на раката на Лидија Максимович, која преживеала медицински експерименти во нацистичкиот логор Аушвиц.

 

Папата внимателно го слушаше полскиот свештеник кој ја придружуваше Максимович (80), кој му ја раскажа нејзината приказна.

Таа потоа го засука ракавот и тој го бакна бројот 70072, а таа го прегрна.

Remote video URL

Максимович и нејзиното семејство биле однесени од нивниот дом во Белорусија во нацистичкиот логор на смртта во окупираната Полска во декември 1943 година, непосредно пред нејзиниот трет роденден.

Таа била сместена во детски логор, каде што таа и другите деца биле предмет на медицински експерименти на Јозеф Менгеле.

По ослободувањето на логорот во 1945 година, руските војници претпоставиле дека нејзината мајка Ана, која имала тетоважа со бројот 70071, починала.

Лидија ја посвоило и одгледало полско католичко семејство.

Родена како Људмила Боцарова, таа не знаела дека нејзината мајка преживеала, и тие се виделе кусо пред смртта на нејзината мајка на почетокот на 60-тите години од минатиот век.

За Лидија Максимович, која живее во Краков, Полска, беше направен документарен филм со наслов „70072: la bambina che non sapeva odiare. La vera storia di Lidia Maksymowicz“ (70072: Девојката што не знаееше да мрази. Вистинска приказна за Лидија Максимович).

Remote video URL

Таа честопати се среќава со млади луѓе во училиштата за да разговара со нив за опасностите од екстремизмот и популизмот.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Свет

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Read more

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Read more

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Read more

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе