Патот од Љубаниште кон Охрид делумно прооден, сообраќајот се одвива наизменично

По синоќешното невреме кое предизвика одрони на патот Охрид-Свет Наум, од 22:00 часот на овој регионален пат кај с. Љубаниште, сообраќајот сега се одвива со наизменично пропуштање на возилата, јавуваат од АМСМ.

Утрово сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Патниот правец Охрид-Ресен, преку националниот парк „Галичица“ е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3,5 тони.

Времен режим на сообраќај поради изведување градежни активности има на делницата Струмица-Дабиље, на автопатот А2 делница Скопје-Тетово, на Државен пат А1, во насока од Демир Капија кон Неготино каде што има промена на режимот на сообраќај со целосно затворање на автопатот на клучката Демир Капија, а сообраќајот е пренасочен на Регионалниот пат Р1102.

Градежни работи се озведуваат и на автопатот А1 делница Петровец-Катланово, на државен пат А2, делница Миладиновци-Хиподром, на државен пат А1, делница Велес-Неготино. Времениот режим ќе се применува во двата правца на автопатот Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од 80 км/ч во зоната на градилиштето. Режимот ќе се применува сѐ до целосна изградба на новата клучка Градско.

реклама

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Read more

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Експертите предупредуваат на „тивкиот убиец“ без симптоми

Read more

Македонија

Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Read more

Активни шест пожари во околината на Прилеп и Битола

Read more

Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Read more

Мицкоски: Ахмети и Џафери да ја кажат вистината за содржината на УСБ-то и пликото кои што им биле дадени

Read more
 

Вести

Како Руската православна црква регрутира шпиони низ парохиите низ САД?

Читај повеќе

Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Читај повеќе

Бебе тешко повредено во градинка во Скопје

Читај повеќе

Шефот на сицилијанската мафија во кома, лекарите престанаа да го хранат

Читај повеќе

Доларот зајакна десетта недела по ред – ова не се случило 10 години

Читај повеќе

Активни шест пожари во околината на Прилеп и Битола

Читај повеќе

Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Ахмети и Џафери да ја кажат вистината за содржината на УСБ-то и пликото кои што им биле дадени

Читај повеќе

Дете со мотор во Струга прегази девојче на улица

Читај повеќе