Претседателот Стево Пендаровски даде предлог за надминување на проблемот со пасошите и најави дека може да помогне во комуникацијата со Грција, но нема преземено обврска во таа смисла, велат oд кабинетот на претседателот.
Реакцијата следува откако претходно денеска премиерот Димитар Ковачевски изјави: „Претседателот на државата презеде обврска да се чуе со претседателката на Грција“.
Од кабинетот додаваат дека предлогот на Пендаровски за надминување на проблемот, односно промената на законите за да се пролонгира рокот за менувањето на личните документи, е во целосна надлежност на Владата и Собранието.