Пендаровски тврди дека не ја помилувал Катица Јанева

Барањето за помилување на Катица Јанева е одбиено од претседателот Стево Пендаровски, додека нејзиниот адвокат и син, сè уште нема добиено одлука од Министерството за правда каде се поднесуваат барањата.

„Макфакс“ праша и во Министерството за правда, дали одлуката ја проследиле до адвокатот Јанев, оттаму очекуваме одговор. Од претседателскиот Кабинет посочуваат дека за помилувањето негативно мислење било дадено од Комисијата за помилување, па таква одлука донел и Пендаровски.

„Претседателот го одби барањето за помилување на Катица Јанева. Не се точни информациите дека било позитивно одговорено на барањето од Јанева од страна на Комисијата за помилување, односно и тие дале негативно мислење за нејзиното помилување“, информираат од Кабинетот на Пендаровски за „Макфакс“.

Адвокатот Лазар Јанев за „Макфакс“ посочува дека барањето за помилување го поднеле пред Нова Година.

„Немаме добиено никаков одговор. Имаме поднесено барање“, вели кратко Јанев за „Макфакс“.

Јанева побарала помилување како примерен затвореник кој ги почитува правилата на „Идризово“. Таа одлежа повеќе од половина од казната, а и остануваат уште три години до истекот на истата. Јанева беше шефица во Специјалното јавно обвинителство, потоа осудена во предметот „Рекет“ на седум години затвор.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Read more

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Read more

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Рускоска

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе