Пентагон потврди дека кинескиот балон бил соборен во водите кај Јужна Каролина

Американски борбен авион од типот F-22 го собори кинескиот балон што неколку дена леташе над САД и неприфатливо го наруши американскиот суверенитет, синоќа соопшти Министерството за одбрана на САД.

– Попладнево, по наредба на претседателот Бајден, американски борбен авион (...) собори шпионски авион на голема височина, лансиран од Народна Република Кина, во воздушниот простор над водите во близина на брегот на Јужна Каролина, соопшти министерот за одбрана Лојд Остин.

„Џо Бајден секогаш безбедноста на Американците ќе ги направи свој приоритет и на тој начин ефикасно ќе одговори на неприфатливото кршење на нашиот суверенитет“, се додава во соопштението, пренесено од француските медиуми.

Американската војска синоќа соопшти дека ќе се обиде брзо да ги пронајде клучните компоненти на кинескиот балон за набљудување меѓу остатоците во близина на брегот на Јужна Каролина, откако беше соборен од борбен авион F-22.

– Потрагата е во тек. Колку таа ќе трае допрва треба да се утврди, изјави висок претставник на американската одбрана, додавајќи дека остатоците се наоѓаат во релативно плитки води.

Висок воен функционер рече дека очекува дека повторното составување на балонот нема да трае со недели или месеци, туку ќе биде релативно брзо.

Балонот беше откриен во средата над сојузната држава Монтана, каде 150 интерконтинентални балистички ракети вооружени со нуклеарни боеви глави се складирани во воена база на северот, а Пентагон соопшти дека претседателот го одобрил уривањето уште истиот ден.

„Претседателот Бајден во средата издаде овластувања за уривање на шпионскиот балон веднаш штом ќе се исполнат условите мисијата да се изврши без да се загрозат животите на Американците“, додаде Остин.

Претходно вчера Кина ги отфрли обвинувањата за шпионажа, соопштувајќи дека станува збор за истражувачки балон што скршнал од рутата поради „виша сила“ и ги обвини американските политичари и медиумите за искористување на ситуацијата за да ја оцрнат Кина, пренесоа британските медиуми и додадоа дека претставник на американската одбрана објаснил дека кинескиот балон е дел од надзорната флота балони кои вршат шпионажа на пет континенти.

– Кинескиот балон не беше метеоролошки балон, туку шпионски балон со задача да добие податоци за чувствителни воени локации, изјави претставник на американската одбрана.

Американската федерална управа за авијација (ФАА) објави дека сообраќајот е обновен на три аеродроми во Јужна Каролина: Вилмингтон, Миртл Бич и Чарлстон, откако претходно сообраќајот беше прекинат „од безбедносни причини“.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен оцени дека упадот на „надзорен балон“ во воздушниот простор на САД е „неприфатлив“ и „неодговорен“ и ја откажа посетата на Пекинг планирана за недела.

Пентагон во петокот соопшти дека и втор кинески балон е забележан во Латинска Америка, но не ја прецизираше точната локација.

И САД и Кина со децении користат сателити за набљудување за да се следат едни со други од воздух.

„На некој начин, тоа е повеќе аматерски“, рече поранешниот советник за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон. „Дали камерите на нивните сателити немаат доволно висока резолуција за да мора да испратат балон?

Вревата околу балонот доаѓа додека Кина ги зајакнува своите воени способности и го предизвикува американското воено присуство во Пацификот.

САД, исто така, веруваат дека Пекинг се обидува да добие комерцијални информации и да земе знаење од американските компании.

Тагови
реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе