ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Пеп: Арсенал би направил голема грешка доколку го отпушти Артета

А.С.
/ 23.12.2020 / 19:08

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гуардиола изјави дека Арсенал ќе направи голема грешка доколку го отпушти тренерот Микел Артета, објавија британските медиуми.

„Би било голема грешка ако го отпуштат. Но, сигурен сум дека тоа нема да се случи и дека имаат доверба во него“, изјави Гуардиола откако Манчестер Сити го победи Арсенал со 4: 1 на вчерашното гостување во четвртфиналето на англискиот Карабао куп.

Артета му беше асистент на Гуардиола во Манчестер Сити три и пол сезони, а пред една година го презеде Арсенал и минатата сезона со него го освои ФА Купот.

Но, оваа сезона Арсенал го доживува најлошиот старт на шампионатот во последните 39 години. Екипата освои само два бода во последните седум кола од Премиер лигата и е на 15-то место со 14 бода.

„За да создадете нешто, треба време“

„Добро ги познавам квалитетите на Артета како тренер и личност. Ова го велам од моето искуство додека работевме заедно во Манчестер Сити и создадовме еден од најуспешните клубови во историјата на Англија. Без него ова немаше да биде можно“, рече Гуардиола и додаде:

„За да создадете нешто, треба време и јас го добив во мојата прва сезона во Сити. Артета ќе го донесе резултатот, само е прашање на време.“

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Ново

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе
  • filter

Ferrari 12Cilindri од секој агол

Читај повеќе