Пет работи кои ги уништуваат интимните односи во бракот

Во долгогодишните врски или бракови партнерите запаѓаат во секојдневна рутина. Не е тајна дека сексуалната желба се намалува при појавата на животни проблеми. Во таквите случаи, сексолозите препорачуваат експериментирање.

Ретки се паровите кои немаат проблеми, а уште поретки они кои поради нив барат професионална помош. Понекогаш проблемот е само сексот, односно незадоволството од него, што е последица од недостигот на комуникација меѓу партнерите.

Група професионалци откри со кои изјави најчесто се соочуваат во ординациите:

1. „Не можам да доживеам оргазам“

Жените се многу чувствителни кога станува збор за сексот и за нив е потребно повеќе време за да достигнат оргазам. Само 15 до 20% од жените се чувствуваат задоволено, покажуваат статистиките. Но, и ним им е потребно многу стимулација за да го постигнат врвот на задоволство.

2. „Сакам сексот да биде ист како пред породувањето“

Со доаѓањето на бебето животот на луѓето се менува, но најмногу сексуалниот живот. Жените ја губат самодовербата бидејќи телото не им изгледа исто како пред породот.

3. „Заглавивме во брак без секс“

Во долгогодишните врски или бракови, партнерите запаѓаат во рутина, имаат проблеми на работа или со самите себе, па тоа се одразува на нивниот меѓусебен однос.

4. „Сакам емоционално да се поврзам со партнерот“

Недостигот на чувства се јавува кај парови кои ја започнале врската исклучиво како сексуална. Тоа се најчесто луѓе во доцните дваесетти или триесетти години кои созреале па сакаат врската да им прерасне во нешто повеќе од секс, односно сексот да го поврзат со љубов.

5. „Немаме ускладени сексуални желби“

Во скоро секоја врска еден од партнерите сака повеќе секс од другиот. На почетокот се горе-долу ускладени бидејќи тука е заљубеноста, а поголема е и сексуалната желба, подоцна почува да слабее, најчесто кај жените, на кои чувствата им стануваат поважни од самиот секс.

Тогаш знае да биде напорно ако партнерот упорно инсистира, а на другата страна не и е до тоа. Причините за одбивање секс се различни, од проблеми до врската до проблеми надвор од неа. Затоа е потребна квалитетна комуникација.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе