Пет реченици кои не смеете да ги кажете пред шефот

Дури и ако го имате најдобриот шеф на светот, ако некогаш ви текне да кажете нешто од оваа листа – поќутете си!

Искрената комуникација со шефот е од големо значење, почнувајќи од меѓучовечките односи кои треба да ги негуваме, па сè до професионализмот што треба да не придружува на работното место.

Сепак, секогаш има работи што треба да ги задржите за себе и без оглед на сета слобода што ја имаме во комуникацијата со нашите претпоставени, не треба да кажуваме сè.

Можете да бидете толку блиски со вашиот шеф што приватно да се дружите, да одите на истите настани, но не смеете да дозволите приватното однесување да доминира во работното, и обратно.

Не можам да го направам тоа

Со оваа реченица ќе ги оттурнете сите идни проекти од себе и ќе ставите до знаење дека не сте подготвени да се впуштите во нов деловен предизвик.

Имам приватни проблеми, денес не сум расположен/а за работа

Приватниот живот не смее да влијае на работата, тоа е златното правило и треба да се постави јасна граница. Секој од нас има проблеми, но затоа сме професионалци во работата и се трудиме што повеќе домашните работи да ги оставиме дома. Ако имате сериозен проблем, побарајте слободни денови, наместо да доаѓате на работа и да рабоите половично.

Што добивам од тоа?

Тимската работа е нешто што го учиме уште на училиште. Ако не сте тимски играч, тоа дефинитивно нема да му се допадне на вашиот работодавец затоа што понекогаш вашата работа вклучува помагање на другите.

Не можам да работам со него/неа

Нормално е да не ви одговараат сите луѓе и да немате многу пријатели приватно, но на работа тоа не треба да ве вознемирува. Доколку не можете да се издигнете над ситуацијата и да соработувате со луѓе кои приватно не ве сакаат, тогаш тоа не е добар знак за вашиот шеф. Не мора да ви се допаѓаат лично луѓето со кои работите. Покажете флексибилност и работете попаметно.

Досадно ми е

Добивате плата за да бидете продуктивни и максимално посветени, така што нема простор за досада.

Работењето на себе е важно за една личност и неговото созревање, обидете се да се ослободите од лошите навики кои ги имате и не посегнувајте по изговори кои нема да ви донесат успех на работа.

Тагови
реклама

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Најдоброто природно ѓубриво: Пробајте наводнување со квасец

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе