Пет знаци кои откриваат дека е крај на врската

Ако се двоумите околу раскинување на љубовната врска, но не сте баш сигурни околу тоа, со овие неколку знаци може да препознаете дали истата има иднина или е време за разделба.

Проблеми во комуникацијата, сомнежи, нерамноправност, се само дел од знаците кои може да укажуваат дека вашата врска се ближи кон крај.

1. Нема здрава комуникација

За секоја врска е важна здравата комуникација. Кога ќе се појават проблеми важно е за нив да се зборува директно, со јасно искажани мисли и заемно разбирање за кажаното. Важно е да постои давање и земање за да се задоволат сите потреби со цел да се има сигурност во врската.

Односите кои завршуваат обично подразбираат луѓе кои повеќе не можат да комуницираат. Не се во состојба да разговараат за сопствените чувства и не се во состојба другите да ги слушаат како зборуваат за своите чувства

Ако сте во врска во која не се чувствувате сигурно да ги споделите чувствата, тогаш е можеби време за раскинување.

2. Измешани сигнали

Доколку вашиот партнер постојано менува расположенија и наизменично делува топло и студено, тоа може да биде знак дека е дојден крајот на врската. Луѓето во здрава врска меѓусебно се однесуваат со почит, доследни се на своите чувства и искрени во однесувањето. Ако поради партнерот се чувствувате постојано непријатно и нервозно, тоа е дефинитивно знак дека треба да се разминете.

3. Повторување на проблемите

Дали постојано доживувате подеми и падеми со партнерот и имате чувство како да се вртите во круг? Доколку ви кажува дека му треба простор, а караниците се сè почести, време е да прекинете со таквиот однос и да продолжите понатаму со животот.

4. Заедно сте од погрешни причини?

Бидете искрени со себе и со партнерот. Можеби чувствувате грижа на совест поради времето минато заедно и сето тоа што сте го вложиле во врската, па мислите дека ќе надминете сè додека сте заедно. Но, не може со сила да усреќите некој кој не сакат да биде среќен со вас.

5. Немате сопствен живот

Многу е важно личната среќа да не ја поврзувате исклучиво со партнерот. Таквиот однос пред сè е нездрав, а може да остави последици и на психата.

Ако сте се изгубиле себеси и животот ви делува како да е надвор од контрола, можеби е време да го прекинете односот со некој кој го предизвикал тоа.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

Шпанците се најдолговечна нација во ЕУ

Читај повеќе

Осум симптоми дека на телото му недостасува железо: Не ги игнорирајте!

Читај повеќе

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе