Петков: Наскоро ќе заврши ерата на бугарските „златни пасоши“

Софија, 4 февруари 2022 (МИА) – Наскоро ќе дојде крајот на „златните пасоши“, изјави премиерот на Бугарија Кирил Петков при парламентарната контрола во Народното собрание.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, цитирајќи го премиерот Петков, таканаречените „златни пасоши“ што се издаваат на странци ако инвестиораат во Бугарија, се проблем и за Шенген и за укинувањето на американскиот визен режим.

„Златните пасоши се порок“, рече тој, а владата во Софија ќе бара решение.

Бугарија ќе престане да ги дели затоа што се сосема погрешна политика.

„Бугарија мора да има углед на европска земја, а не некаков влез на некои нелегални луѓе кои купуваат евтин пристап до европскиот пазар и ЕУ. Ќе ги елиминираме целосно, тие се погрешна политика. Секој кој е поврзан со нив ќе биде соочен со полна сила на законот“, рече Петков.

Повод за отворање на прашањето беше прашањето на ДПС, партијата која соопшти дека имаат сознанија за 120 лица кои учествувале во шемата за стекнување бугарско државјанство со инвестирање.

Според Хамид Хамид, повеќето од нив се главно Кинези, некои од кинеското разузнавање и Руси.

„Сите инвестиции биле со иста вредност – милион лева (500.000 евра) и поминале преку истите полномошници и поминале низ иста банка“, наведе Хамид според сознанието со кое располагале.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Регион

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Read more

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе