„Многу ми е битно Скопје да стане рамномерно развиен град“

Петре Шилегов со Адријана Будимир во „Маалски муабети со Шилегов“

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на својата Facebook страница сподели видео со легендарната ракометарка Андријана Будимир, во кое разговараат на различни теми поврзани со животот во Скопје, нејзината професионална кариера, тековните и идни градски проекти, но и актуелните проблеми и решенија.


„Скопје има многу приказни. Приказни кои се случиле и приказни кои допрва треба да се случат. Сите подвизи, сите лични и колективни успеси но и неуспеси, сите оние настани и нешта кои се случиле и нè обединуваат како сограѓани и жители на Скопје, без разлика дали сме се родиле тука или со текот на времето Скопје едноставно станал наш град. 

Една од тие приказни е и на личност која неизмерно ја почитувам, а тоа е легендарната ракометарка Андријана Будимир. Можеби не може да каже дека се родила тука, но со своите успеси многупати докажала дека Скопје е и нејзин град, а скопјани тоа го препознаа и ја прифатија како отсекогаш да била една од нас.“ - Петре Шилегов.

Зошто Адријана Будимир одлучила да живее во Скопје и зошто ги сака Скопје и Македонија? Зошто нејзиниот ракометен клуб се вика Скопје?

Со градоначалникот на Скопје Петре Шилегов Адријана Будимир ги споделува своите искуства како единствен ракометен тренер на машки клуб. 

На што му се жали на Шилегов Адријана која живее на улица „Рузвелтова“? Дали градоначалникот има решение за нејзиниот проблем? Кои главни разлики во градов ги забележува Адријана која се доселила во Скопје во 2001 година?

Зошто Адријана е емотивно врзана за спортската сала „Кале“?

Што најмногу му фали на Скопје, според Адријана Будимир?

Адријана го прашува Шилегов како го замислува Скопје, а Шилегов ја споделува својата визија во видеото „Кога Мислам Скопје“.

„Многу ми е битно Скопје да стане рамномерно развиен град“ – истакнува градоначалникот Петре Шилегов во муабетот со Адријана Будимир.

Погледнете го видеото со Петре Шилегов и Адријана Будимир во кое муабетат за градскиот парк, памптракот, Дино паркот, за градските игралишта, за Универзална сала, за Бас Рапид Транзитот и за иднината на Скопје.

 

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Македонија

Мицкоски: Одговорност за криминалот и корупцијата ќе има кога ДУИ ќе оди во опозиција

Read more

Ахмети: ЕУ и САД гарантираат дека ќе нема нови бугарски барања ако се смени Уставот

Read more

Ковачевски: Да не дозволиме да се вратиме во времето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

Мицкоски до Ахмети: Во политичка пензија ќе одиш како обичен криминалец

Read more
 

Вести

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Читај повеќе

Мицкоски: Одговорност за криминалот и корупцијата ќе има кога ДУИ ќе оди во опозиција

Читај повеќе

Ахмети: ЕУ и САД гарантираат дека ќе нема нови бугарски барања ако се смени Уставот

Читај повеќе

Ковачевски: Да не дозволиме да се вратиме во времето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе
  • play_arrow

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Читај повеќе

Голема промена во Германија - што е ново во здравственото осигурување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Повторно еруптира вулканот Руанг, прогласено највисоко ниво на тревога

Читај повеќе

Хутите погодија четири бродови во Индискиот Океан и Црвеното Море

Читај повеќе
  • filter

Зошто прашина од Сахара ја завеа Европа?

Читај повеќе