Photoshop бара посебна претплата за користење на боите Pantone

Претплатата како бизнис модел е сè почеста во денешно време, а тоа е особено изразено кај професионалните апликации.

Сепак, она што досега не сме го виделе е дополнителна претплата за функции кои до вчера ги земавме здраво за готово.

Минатата недела, Adobe ја отстрани поддршката за бесплатните бои на Pantone во Photoshop, InDesign и Illustrator, а при отворање на PSD-датотеките што ги содржат овие бои сега се прикажува црна боја - принудувајќи ги дизајнерите и артистите на кои им треба индустрискиот стандард да платат претплата.

„Pantone одлучи да го промени својот деловен модел. Некои палети на бои што се наоѓаа во Photoshop, Illustrator и InDesign се отстранети од ажурираните верзии по август 2022 година“, рече Ерин Ди Лева, портпаролка на Adobe. „За пристап до целосната палета на бои на Pantone, Pantone бара од корисниците да купат лиценца преку Pantone Connect и да инсталираат додаток користејќи Adobe Exchange.

Pantone во минатото тврдеше дека нивната колекција на бои во производите на Adobe не била правилно одржувана, поради што нивните бои биле неточни и дека недостасуваат стотици нијанси.

„Pantone и Adobe заеднички одлучија да ги отстранат застарените колекции и заеднички да се фокусираат на подобрување на искуството во апликациите“, се вели во делот ЧПП на веб-страницата Pantone.

Дизајнерите и артистите, кои разбирливо сакаат да продолжат да го користат индустрискиот стандард за бои, са се очекува да плаќаат 15 долари месечно (90 долари годишно) за лиценца за Pantone.

URL
Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Софтвер

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Read more

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Read more

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе