Плажите не се кафичи: Како треба да изгледа охридското крајбрежје?

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков најави дека Општината ќе спроведе активности за уредување на начинот на кој ќе се стопанисува со плажите на Охридското Езеро во иднина.

Фото: МИА

Пецаков рече дека веќе имал работни средби со надлежните во Министерството за транспорт и врски од кои побарал вметнување на плажите во опфатите во урбанистичките планови, за да може да се предвиди на каков начин ќе се уредуваат и издаваат под концесија. Тој побарал од државните институции да ги заокружат сите потребни процедури во насока на изнаоѓање начини како плажите ќе можат да бидат издадени под концесии на јавно наддавање.

„Првично ќе се обидеме урбанистички да ги решиме, а потоа да се издадат под концесии. За начинот како тоа ќе биде уредено ќе појасниме дополнително“, рече тој.

Пецаков појасни дека сите објекти и урбана опрема на плажите каде изминатиот период беше интервенирано за нивно отстранување, биле изградени со проекти прифатени од Министерството за транспорт и врски, со забелешка дека тоа не се дивоградби.

„Тоа не се дивоградби, туку неспособност на Локалната самоуправа да го реши проблемот и да го утврди начинот на концесионирање и за тоа како треба да изгледаат. Не станува збор за дивоградби, туку за проекти врз основа на кои плажите беа издадени под концесии. Проблемот е во тоа што претходната локална самоуправа и централната власт од 2017 година наваму не најдоа за сходно да ги решат концесиите“, рече Пецаков.

Според него, плажите ќе бидат уредувани согласно препораките на УНЕСКО, со строго утврдени одредби за уредување со исклучиво природни материјали, како и обврска за концесионерите половина од закупениот простор да биде слободен за граѓаните.

По однос дејноста што во изминатиот период ја вршеле концесионерите на просторот под закуп, Пецаков проблемот го посочи во тоа што државата и институциите дозволиле да можат да функционираат без надзор и надвор од предвиденото време.

„За начинот како тие плажи работеле надвор од предвиденото време одговорите треба да ги побараме од државните институции. Тие да ни го дадат одговорот зошто така се работело“, рече Пецаков.

Плажата не е кафич

Состојбата со охридското крајбрежје не е нова тема. Јавноста генерално се згрозува и на социјалните мрежи остро реагира на урбанизацијата на плажите и загадувањето на плажите и езерото, додека пак во сезона се пијат коктели на лежалки во удобноста на урбанизираниот простор.

Но, тоа не е плажа, тоа е кафич. Плажа е песок, чадорчиња, сламени лежалки, крпи… плажа е да се спружиш да се сончаш, да пливаш, децата да играат во песок...

Пример за уживање во природните убавини без да се наруши нивниот екосистем се ред европски земји. Само погледнете ги примерите од Бледско Езеро (Словенија), Женевско Езеро (Швајцарија), Циришко Езеро (Швајцарија), Езеро Комо (Италија). Разликата е јасна: апсолутно никаде не се плажите узурпирани со објекти, има помошни објекти, но тоа е сѐ.

Ова е сликата што треба да ја има и нашето Охридско Езеро!

Циришко Езеро (Швајцарија)
Женевско Езеро (Швајцарија)
Женевско Езеро (Швајцарија)
Езеро Комо (Италија)
Бледско Езеро (Словенија)
Бледско Езеро (Словенија)
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе