ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2022

По 5 сезони Барди ја напушти Ла Лига - потпиша за Трабзонспор

Македонски репрезентативец Енис Барди си замина од Леванте и потпиша тригодишен договор со актуелниот шампион на Турција.

Заврши авантурата на Барди во шпанска Ла Лига. После цели 5 сезони играње во една од топ 3 европските лиги, Барди се одлучи дека е време да го напушти Леванте, особено што тимот минатата сезона испадна од шпанската елита и во новава сезона игра во Сегунда.

Барди завчера ги мина медицинците прегледи во клубот од Трабзон, по што синоќа стави потпис на тригодишниот договор кој ќе му носи 1,5 милион евра по сезона. Тој во новиот клуб ќе го носи дресот со бројот 29.

Remote video URL

Во Леванте дојде летото 2017 година, веднаш после настапот со Македонија У21 на младинското ЕУРО во Полска. Тогаш клубот од Влаенсија му плати 1,5 милион евра на унгарски Ујпешт каде Барди одигра три одлични сезони. Играше и во шведски Преспа Бирлик, клубот на македонските турски иселеници од Преспа, кратко беше дел од академијата на Брондби, а во родното Скопје играше во младинските категории на Албарса.

Со Трабзонспор ќе се обиде да ја одбрани титулата во турската Супер Лиг, а ќе се обиде и да избори место во групната фаза од Лигата на шампионите. Трабзонспор во квалификацискиот плеј-оф игра против дански Копенхаген. 27-годишниот Барди никогаш во кариерата не играл во Лигата на шампионите. Во новиот клуб ќе биде соиграч со прославениот Словак Марек Хамшик.

За Леванте одигра вкупно 162 натпревара во сите натпреварувања и постигна 24 голови. За Македонија досега има 48 натпревари и 11 голови.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Read more

Фудбал

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more
 

Спорт

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе