По 52 години откриен идентитетот на Зодијак, најпознатиот сериски убиец

Б.С.Б.
/ 08.10.2021 / 08:57

Серискиот убиец Зодијак, кој во 60-тите години на минатиот век го тероризираше подрачјето на Сан Франциско, конечно е идентификуван по 52 години, пишуваат американските медиуми.

Истражители на застарени случаи откриле дека Гери Френсис Пост, кој починал пред 3 години, е озогласениот Зодијак одговорен за најмалку 5 убиства во периодот меѓу 1968 и 1969 година.

Исто така тврдат дека го поврзале Пост со шесто убиство кое никогаш претходно не било доведено во врска со Зодијак, пишува Sky News.

Случајот од 2004 година се сметаше за неактивен, но полициската управа во Сан Франциско повторно го отовори во 2007 година.

Во текот на неговата „кариера“ Зодијак им се потсмеваше на полицајците преку писма кои ги испраќаше во локалните весници. Неговите писма содржеа шифри за кои се тврдеше дека го кријат неговиот идентитет, доколку некој може да ги декодира.

Се верува дека сам си го дал прекарот Зодијак, со тоа име го потпиша четвртото писмо до новинарите на 7 август 1969 година. Во друго писмо тврдеше дека убил 37 луѓе, но официјално му беа припишани 5 убиства и два обида за убиство.

Теоријата за идентитетот делумно се основа на сличноста на Пост со полициска скица од убиецот од 1969. Како една од клучните сличности се наведуваат лузните на телото.

URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе