По 77 години Нова Македонија го модернизираше логото

Не се работи за промена, најстариот активен македонски весник и натаму ќе го има своето препознатливо лого, но со мала измена: сега е приспособено на модерното време.

Старото лого од првиот број (горе) и новото лого од денешниот број (доле); Фото: Филип Здравески / Кајгана

Досега весникот го користеше скенираното лого од првиот број на дневниот весник, објавен на 29 октомври 1944 година. Долго време оригиналното лого не се наоѓаше на насловната страница, а беше повторно воведено во 2018 година.

Логото кое долги години се користеше помеѓу оригиналното и денешното

„Од големо значење е што сега насловните страници на Нова Македонија ќе бидат испишани со ново автентично лого, креирано специјално за весникот“, пишува весникот во денешниот роденденски број.

Логото на весникот е модернизирано од графичкиот дизајнер Ласко Џуровски, кој претходно ги изработи фонтовите Рацин и Конески.

„Новото лого на Нова Македонија е, всушност, редизајн и приспособување на постојното лого на современите графички стандарди. Работејќи на овој редизајн, настојував, онолку колку што е можно, да ги задржам основните визуелни карактеристики на постојното лого. При изработката не е користен фонт, туку нацртав оригинални графички форми базирани на постојните, нормално, со адекватна корекција на пропорциите и изгледот на буквите. Ме инспирира оригиналноста на типографското решение на постојното лого, воочив некои неправилности, кои, според моето видување на типографијата, сметав дека треба да се променат. Решив да се обидам да го направам тоа од љубопитство, да видам како би изгледало, но, како што многупати се случува, тоа некако ме повлече, ме заинтригира и не ми даваше мир додека не го завршив“, вели Џуровски во изјава за Нова Македонија.

„Ми беше чест и задоволство, по повод 77. роденден на првиот македонски дневен весник Нова Македонија да го редизајнирам неговото лого. Честит роденден, ви пожелувам уште многу години да бидете педантен хроничар на животот во нашата единствена Република Македонија“, напиша тој на Facebook.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Култура

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе