Почна судењето на германски екстремисти кои ловеле луѓе со намера да ги убијат

Во Вишиот регионален суд во германска Тирингија (сојузна покраина во Централна Германија) започна судскиот процес против четворица десничарски екстремисти.

Обвинението ги товари дека здружени во групата Нокаут 51 (Knockout 51), буквално ловеле луѓе со намера да ги убијат.

Здружување во криминална група, насилно нарушување на јавниот ред и мир, опасни физички повреди во повеќе случаи - ова се работите за кои Федералното обвинителство ги товари обвинетите. Тие се на возраст од 21 до 25 години. Најмалку тројца од тие четворица мажи, како што објави јавниот сервис MDR и пренесе Deutsche Welle, веќе биле активни во неонацистичката насилничка сцена во градот Ајзенах како тинејџери во средината на изминатата деценија. Таа сцена беше позната по тоа што и тогаш на брутален начин се бореше против сите оние кои ги сметаше за свои непријатели, пред сè левичарите и оние млади луѓе кои не беа десничари. Напаѓаа на улица, а еден млад човек бил претепан во неговиот стан во 2017 година. Таа сцена се обиде да го претвори целиот град во нивна територија, простор кој тие го контролираат и каде важат нивните правила.

Бројни претставници на Парламентот на Тирингија (Thüringer Landtag) разговараа за неонацистичката сцена во Ајзенах во последниве години. Бројот на политички мотивирани десничарски криминални дела во тој град беше постојано висок помеѓу 2015 и 2021 година. Меѓу нив, регистрирани се и значителен број пропагандни кривични дела со нанесување материјални и физички повреди. Во 2017 година, на пример, организацијата Езра за помош на жртвите на насилство регистрираше девет десничарски мотивирани напади во Ајзенах.

Токму во тоа време екстремно десничарската сцена во Ајзенах сè повеќе и повеќе се радикализираше.

„Насилството беше секојдневие“

Тереза ​​Лаус, проценува дека вистинскиот број на десничарски напади во тоа време бил уште поголем: „Насилството беше секојдневие. Имаше закани, навреди, напади сред бел ден.“

Таа додава дека на ѕидовите биле испишани смртни закани упатени до конкретни луѓе: „Се знаеше дека сакаа да нè убијат. Неонацистички графити можеа да се видат низ целиот град на тоа време, на кои пишуваше Nazi-Kiez, NS-Zone, некои од нив беа графити долги неколку метри“.

Екстремните десничари од Ајзенах го сменија своето име, беа активни како Jugendoffensive Wartburgkreis или Nationaler Aufbau Eisenach, а во своите активности беа ориентирани кон таканаречените „антикапиталистички колективи“, екстремно десничарски групи кои беа популарни меѓу помладите нео-нацисти во тоа време. Овие „колективи“ го „позајмија“ својот стил на облекување, симболика и своите постапки од автономната левичарска сцена и „црниот блок“, група во која, според Федералната служба за заштита на Уставниот поредок, ги поврзува „левите екстремисти подготвени на насилство“.

Според тоа, во Ајзенах се движеле млади екстремни десничари, меѓу кои, според MDR, активни биле обвинетите Леон Р., Бастијан А. и Максимилијан А. Нивното вмрежување, исто како и нивната радикализација, континуирано напредувале, вели Феликс Штајнер од Mobit (Мобилен советодавен центар против десничарскиот екстремизам).

„Прво се случи локалното вмрежување на NPD и неонацистичките структури околу Патрик Вишке, а потоа и на федерално ниво, по создавањето на структурите на „антикапиталистички колективи“, а подоцна и вмрежување во меѓународни терористички групи како што се Национална акција од Велика Британија, а веројатно и Дивизија за атомско оружје во САД“, вели Штајнер.

Зборното место на неонацистичката сцена

Според MDR, огранокот на NPD во таа сојузна држава одигра клучна улога во процесот на радикализација (партијата оттогаш беше преименувана во die Heimat, Татковина), т.е. седиштето на партијата на локација позната како Flieder Volkshaus. Овој имот со години е важно зборно место на неонацистите од цела Германија. Речиси секој месец таму се одржуваат десничарски екстремни концерти. Таму често се собираа членови на најборбените структури како што се Hammerskins и забранетите организации како Combat18/Blood & Honor.

Flieder Volkshaus е важно место за собирање на младата неонацистичка сцена од 2014 година. Членовите на Knockout 51, како што ја нарекуваат групата од 2019 година, таму тренираа за улични борби, учествуваа на турнири во десничарски екстремни боречки вештини, одеа на обука за стрелање во Чешка. Во извештајот за 2021 година на Службата за заштита на уставниот поредок на Сојузната држава Тирингија, Knockout 51 се појавува со ознаката „екстремно десничарско здружение за боречки вештини“.

Напади на протести поради короната?

Во соопштението на Сојузното државно правобранителство за обвинението против членовите на таа група, меѓу другото, се наведува: „Најдоцна од април 2021 година, целта на здружението била да убива лица од левичарско-екстремистичката сцена“.

На неколку демонстрации против ограничувањата за корона, обвинетите, како што се тврди, од 2020 година напаѓале учесници на контрапротестот, односно повредиле неколку лица, од кои некои тешко.

Државното правобранителство за лидер на групата го смета Леон. Р. Во 2019 година, тој ја презеде таверната Bull's Eye во Ајзенах, која беше место за средба на екстремните десничари. Истата година таа локација беше нападната, како што се претпоставува, од членови на левичарската сцена. Тој е во истражен притвор од рацијата против Knockout 51 во април 2022 година, заедно со уште тројца обвинети. Во тек е истрага против лица за кои постои сомневање дека им биле помагачи.

Процесот пред Вишиот регионален суд на Тирингија во Јена треба да биде завршен до март 2024 година.

реклама

Свет

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Read more
 

Вести

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Читај повеќе

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Читај повеќе

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Читај повеќе