Почнува пилот-програмата за сеопфатно сексуално образование

Со обука на наставници денеска официјално ќе почне пилот-програмата за сеопфатно сексуално образование (ССО) во земјава, кое го најави Министерството за образование и наука.

Воведувањето  сеопфатно сексуално образование во основните училишта, според МОН,  ќе значи унапредување на родовата рамноправност, но и превенција од сексуалното вознемирување и насилството. Ова образование значи знаења за начините за заштита, однесување и предизвиците коишто ги носат пубертетот и развојот до адолесценција.

Министерката  Мила Царовска неодамна соопшти дека пилот-програката ќе опфати четири училишта – две урбани и две рурални со настава на македонски и на албански јазик, за потоа ова образование да се интегрира во наставните курикулуми.

Во процесот е вклучено Бирото за развој на образованието, невладината ХЕРА, како и меѓународни организациии – УНЕСКО, УНДП, СЗО, УНФПА – Фонд за население на ООН.

Како што најави ХЕРА, првиот дел од обуката за наставници ќе се одржува од денеска до 4 декември во хотелот „Александар палас“, а вториот дел ќе биде онлајн.

Резултатите од студијата на Коалиција Маргини се доказ за итни промени на содржините во наставните материјали

Министерката Царовска кон крајот на октомври присуствуваше на презентација на резултатите од последната HBSCM студија – „Однесувања поврзани со здравјето кај адолесцентите на училишна возраст во Северна Македонија”, изработена од Коалицијата Маргини.

Како што информира МОН, на презентацијата се зборуваше како стереотипите и дискриминацијата во содржините на учебниците влијаат врз однесувањето на младите, но и во самите училишни средини, семејството и другарување со врсниците.

Министерката Царовска истакна дека образованието е еден од механизмите за промена на стереотипните размислувања и искоренување на родовата нееднаквост и дискриминацијата по каква било основа помеѓу младите во едно општество. Затоа преку модернизација на наставните планови и програми, преку примена на современ концепт на едукација МОН работи на надминување на овие предизвици.

– Министерството за образование и наука веќе развива концепт за целосна и суштинска промена на наставните и дидактичките материјали за основно и средно образование кои поттикнуваат или ја засилуваат родовата нееднаквост и содржат стереотипи. Потребата од воведување целосно нов систем за изработка на наставни материјали е резултат на постојаните реакции од јавноста, родителите/старателите, учениците, но и самите наставници за квалитетот на учебниците, долгите постапки за нивно одобрување, како и честите повлекувања на учебници поради стереотипи, предрасуди, грешки и недоследности. Со воведувањето на целиот концепт од идната учебна година очекувам надминување на овие долгогодишни проблеми, рече тогаш Царовска.

Резултатите од истражувањето нудат исклучително значајни информации, статистики и анализи за дефинирањето на родовите разлики и нееднаквости со мноштво фактори, ставови, однесувања, практики и здравјето на младите во државата. Но со нивните релации со општеството, родителите, и училиштето, со искуствата на врсничко, семејно и сексуално насилство, како и нивното ментално здравје.

Податоците користени во оваа публикација се добиени во 2018 година, на национален примерок од 4.685 ученици, на возраст на 11, 13 и 15 години, со настава на три наставни јазика, македонски, албански и турски. Истражувањето е спроведено според стандардизиран истражувачки протокол, во 149 основни и средни училишта, од сите региони во земјава.

Според истражувачите, студијата од 2018 година со учество на учениците од 13 и 15 години, во најширок опсег досега, ги проблематизира традиционалните вредности и норми преку кои се вкоренуваат и репродуцираат родовите нееднаквости, користејќи истражувачка евиденција од повеќе извори. Со нивна помош можат да се проценуваат и да се следат ефектите на доминацијата и контрола што овие вредности ги промовираат врз здравјето и добросостојбата на младите.

– Основниот интерес за темата на родовите нееднаквости се потпира врз богата истражувачка евиденција за однесувањата поврзани со здравјето на децата од Северна Македонија, чии одговори сведочат за улогата на семејството, но и на училиштето, врсничката група, медиумите и јавните простори во кои младите се воспитуваат, наведува МОН.

реклама

Македонија

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Read more

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Read more

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Read more

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе