Почнува Саемот на книга 2021

На отворено кај Аква паркот во близина на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје денеска почнува Саемот на книга 2021. Покрај изложбено-продажниот дел, организаторите во текот на саемските денови од 8 до 14 септември, најавуваат и 33 промоции на нови дела и автори.

Во Промотивниот центар во рамките на Саемот на книга ќе се реализираат промоции на нови изданија од Државниот Архив на РСМ, Книгохоличари, Бата Прес, Арс Ламина, Топер, Полица, Едука Мак, Издавачки центар ТРИ, Деа Балкански, Паблишер, Библиски Центар Божилак, Издавачки Центар Јени Балкан.

Во рамките на работната програма ќе се одржи и традиционалното доделување на награди од страна на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) и доделување на награди од Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ).

На саемот ќе учествуваат над 60 издавачки куќи кои најавија претставување на своите најнови изданија, а покрај промоциите, ќе има и големи саемски попусти до 70%.

Саемот на книга е организиран во соработка со Македонската асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија и е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Програмата и распоредот на промоции можат да се видат на следниот линк: https://bit.ly/3DTDPUs.

Саемот за книга ќе се одвива на отворено, согласно сите здравствени протоколи за заштита на јавното здравје (носење маска, држење дистанца од 2 метра и дезинфекција), со тоа што при влез на саемот потребно е посетителите да прикажат сертификат за вакцинација или сертификат за прележан COVID-19 за сите лица над 18 години.

Билети за саемот на книга ќе може да се купат преку on-line електронскиот систем www.karti.com.mk или на билетарите пред саемот. За најбројната публика, млади лица до 18 години, билетот чини само 20 денари.

Работното време на саемот во периодот од 8 до 11 септември е од 10:00 до 21:00 часот, на 12 и 13 септември од 10:00 до 20:00 часот, а на 14 септември од 10:00 до 17:00 часот.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Култура

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Read more

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Read more

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе