Почнува вакцинацијата против COVID-19 на граѓани на возраст над 77 години

Вакцинација на 20.000 граѓани на возраст над 77 години со хронични болести почнува денеска во вакциналните пунктови ширум земјава.

Според најавите, вакцинацијата од денеска почнува во поликлиниките „Јане Сандански“, Чаир и Букурешт во Скопје, во здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Битола, Струмица, како и во болницата во Кавадарци. Од петок ќе почне вакцинацијата во Тетово, Струга, Неготино, Крива Паланка, Вевчани, Валандово, Ростуше, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Свети Николе, Ресен, Демир Хисар, Крушево, Македонска Каменица, Кратово, Кичево, Кочани, Радовиш, Виница, Пробиштип, Дебар, Пехчево и Македонски Брод.

– Националниот систем „Мој Термин“ ги отвори термините преку кои матичните лекари закажуваат вакцинација на овие гараѓани. До крајот на оваа и за следната недела, на територија на цела држава пуштени се 9.577 термини, а досега закажани се 5.976 термини за вакцинација на граѓани над 77-годишна возраст. Вакциналните пунктови низ државата ќе работат во две смени, ќе бидат отворени од 8 до 20 часот, од понеделник до петок. Матичниот лекар на секој граѓанин кога му закажува тремин за вакцинација должен е да му каже во колку часот треба да се вакцинира и на кој пункт во здравствената установа, каде се спроведува вакцинација против COVID-19, соопшти Министерството за здравство.

Тие 20.000 граѓани ќе примат вакцина од компанијата AstraZeneca, чија пратка од 24.000 дози пристигна на 28 март на аеродромот во Скопје преку Ковакс механизмот.

Се очекува да стигнат уште 76.000 дози вакцини од AstraZeneca исто така преку Ковакс механизмот кои ќе бидат предвидени за ревакцинација, како и поголеми количини вакцини и од Кина и Русија.

Министерот за здравство Венко Филипче синоќа во гостување во „Клик Плус“ на ТВ21 најави дека земјава ќе ги следи примерите на Канада и на Германија и нема да вакцинира лица помлади од 60 години со вакцината на AstraZeneca.

– Вечерва по двата извештаи на Канада и на Германија донесовме одлука дека ќе ги следиме нивните препораки и нема да вакцинираме со AstraZeneca лица кои се помлади од 60 години. Ние, секако, утре почнуваме со вакцинација на повозрасни граѓани на возраст над 77 години, рече Филипче.

Тој додаде дека дополнително ќе се обратат и до Европската медицинска агенција (ЕМА) за став во врска со вакцината на AstraZeneca по одлуките на Канада и на Германија.

– Буквално секоја вакцина која влегува во земјава е сигурна и безбедна. Националната стратегија е правена за да се категоризираат ризичните групи. Ќе ги следиме сите насоки кои произлегуваат од меѓународните регулатори, додаде Филипче.

Претходно, министерот Филипче најави дека април ќе биде месец кога се очекува вакцините да стигнат од повеќе места и после оваа приоритетна група граѓани над 77 години и други граѓани да се повикаат и да бидат вакцинирани.

Целокупниот процес на вакцинација ќе се одвива во тоа што е напишано во националната стратегија за имунизација и приориетните групи се одредени од страна на Светската здравствена организација.

Досега во државава се вакцинирани 7.005 здравствени работници. Над 4.000 примија вакцина на Pfizer и беа ревакцинирани. Во државава викендот пристигна и втората пратка од руската вакцина Sputnik V, наменета за ревакцинација на 3000 здравствени работници, кои веќе ја примија првата доза од истата вакцина.

Одреден број наши граѓани се вакцинираа со AstraZeneca во Србија, меѓу кои имаше вработени во компании, новинари. Министерот Филипче посочи дека за граѓаните кои ја искористиле можноста и се вакцинирале во Србија побарал да му биде испратен електронски список со цел тие да се ревакцинираат во нашата земја.

Во меѓувреме во тек се подготовките за масовната имунизација и во текот на следната недела ќе биде целосно подготвен големиот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“.

Надлежните апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките, бидејќи ова е специфичен период.

– Има доволно болнички места, нема потреба за паника, но со почитување на мерките сите помагаме трансмисијата на вирусот да се намали, порача вчера министерот Филипче. 

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Македонија

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Read more
 

Вести

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Читај повеќе

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Читај повеќе

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе