Подемот и падот на Ден Билзеријан – Кралот на Instagram
Покер? Проневерени пари? Instagram инстант слава? Како контроверзниот Ден Билзеријан ги „заработи“ и „изгуби“ милионите?
Forbes уште во август годинава објави дека на неговата компанија Ignite International Brands Ltd. не ѝ се пишува баш добро.
Според годишниот финансиски извештај, компанијата минатата година изгубила 50 милиони долари. Компанијата заработува на два начини, со продажба на акции и задолжувања. Компанијата наводно продава и производи во Мексико, Канада, Ирска, Велика Британија и САД. Ignite продава производи од вотка, вода, облека и друго. Повеќето потрошени пари, околу 31,6 милиони долари, се потрошени на маркетинг, промоција, кирии и плати.
Погледнете како изгледаше подемот и падот на т.н, Крал на Instagram.