Подготвен е нов Закон за употреба на македонскиот јазик

Пратеничката од редовите на СДСМ, Жаклина Лазареска, на денешната прес-конференција истакна дека водејќи се од делата и вредностите на браќата Кирил и Методиј, но и на континуитетот на Свети Климент и Наум Охридски во последните години власта презема низа активности за заштита и унапредување на македонскиот јазик.

„На предлог на Владата предводена од СДСМ денот 5 мај е прогласен за ден на македонскиот јазик, во чест на 5 мај 1945 година кога првата влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо. Потпишавме прв договор со ЕУ, Договорот за Фронтекс, на официјален македонски јазик без фусноти и додавки, со што македонскиот јазик стана рамноправен со останатите јазици на Унијата. По цели децении, се отвораат нови лекторати по македонски јазик на универзитетските центри низ светот“, рече Лазареска.

Таа додаде дека по 20 години на Институтот за македонски јазик се овозможени вработувања на 17 млади луѓе, со што се докажува грижата за македонскиот јазик на дело.

„И таа грижа не застанува тука. Подготвен е нов Закон за употреба на македонски јазик, а за поддршка на македонското творештво воведуваме и нова државна награда која ќе го носи името на великанот Блаже Конески. Сето ова почитувани, е само дел од мерките и политиките што ги преземаме за заштита и унапредување на македонскиот јазик и дома и надвор од државата. Остануваме посветени на заштита на државните и националните интереси“, додаде Лазареска.

реклама

Македонија

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Read more

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Read more

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Read more

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе