Поларните мечки добија конкуренција: На Арктикот друго суштество е главен предатор

Откако истражувачите ги анализирале синџирите на исхрана на организмите од морското дно во близина на Арктикот, сфатиле дека меѓу нив се крие многу успешен предатор.

Арктичкиот Полуостров е место каде преовладуваат тешки услови и преживуваат само оние што успеале најдобро да се прилагодат на нив и да фатат доволно плен. До неодамна, поларната мечка се сметаше за шампион во оваа категорија, но најновото истражување сугерира дека врвот на локалната мрежа на исхрана сепак би можел да биде некој друг.

Пред сè, треба да се објасни дека мрежата на исхрана е мапа на врски што комбинира различни синџири на исхрана во екосистемот. Индивидуалните синџири содржат примарни производители кои добиваат енергија од Сонцето или со рециклирање на мртви гранки, примарни потрошувачи кои ги јадат другите примарни потрошувачи и секундарни потрошувачи кои ги јадат сите под нив.

Кога станува збор за морските прехранбени мрежи, истражувачите главно се фокусираат на отворените води во кои доминираат организми од планктони до поларни мечки, често таргетирајќи го морското дно бидејќи веруваат дека нема врвни предатори. Сепак, се чини дека тоа не е вистина.

Истражувачки тим направи детална мапа на различните синџири на исхрана што го опкружуваат островот Саутемптон на канадската територија Нунавут и откри дека дел од мрежата на морското дно има толку врски како и на површината и тоа ни помалку ни повеќе туку - морските ѕвезди.

Морски ѕвезди на врвот?

Со анализа на 1.580 индивидуални животни кои живеат во крајбрежниот екосистем на островот Саутемптон, истражувачите откриле дека организмите на морското дно и оние на површината имаат сличен број на трофични нивоа во синџирот на исхрана. Но, морските ѕвезди биле клучен дел од таа исхрана, особено семејството Pterasteridae, кое постојано било на врвот на повеќето индивидуални синџири.

URL

Анализите покажале дека тие се хранат со низа секундарни потрошувачи, вклучувајќи школки, мекотели, морски краставици и сунѓери. Со други зборови, морските ѕвезди од групата Pterastidae ловеле на ист размер како и поларните мечки, кои ловеле моржови, галеби, белуга китови и фоки.

Истражувањето е објавено во списанието Ecology.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Читај повеќе
  • play_arrow

Нов гејмерски рекорд: Продадени 12 милиони игри за 12 недели

Читај повеќе
  • filter

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Читај повеќе

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Читај повеќе

Бактерии мутираа во вселената во нешто досега невидено на Земјата

Читај повеќе