Полска ја потпиша декларацијата на европската десница за создавање Европа на суверени народи

Полска денеска ја потпиша декларацијата на 10 политички партии од европската десница, со што им се придружи на унгарскиот премиер Виктор Орбан и радикалните националисти во планот за создавање на Европа на суверени народи каде што европското законодавство е подредено на националните устави, а зачувани се вредностите на традиционалното семејство.

„Конференцијата за иднината на Европа има нејасни цели, нејасна структура, може да се дозволи продлабочување на процесот за кој веруваме дека води кон криза. Во централизацијата и спроведувањето на културната револуција што треба да ги уништи постојните структури на општеството“, рече денеска во Варшава лидерот на полските конзервативци од партијата Право и правда, вицепремиерот Јаросуав Качињски.

Тој ја обвини Европската Унија за социјален инженеринг преку кој, како што рече, „Брисел сака да ги уништи традициите и структурите“, почнувајќи од семејството и да создаде „нов човек“ што, според него, „ќе донесе само несреќа и ограничување на слободите, како индивидуалните, така и на националните држави“.

„Ние едноставно не ја сакаме таа револуција“, рече Качињски денеска во специјалното обраќање до нацијата.

Качињски рече дека владејачката партија во Полска не се согласува европските закони да бидат над националните устави, бидејќи „правото на суверенитет на народот е основно право на демократијата“.

Меѓу лидерите на 10-те партии кои денеска ја потпишаа оваа заедничка декларација за нивната визија за иднината на ЕУ, заедно со Качињски, е и Марин Ле Пен од француската националистичка партија Национален сојуз, и лидерот на италијанската партија Лига, Матео Салвини.

Во Декларацијата исто така се бара да се направи список на надлежности на земјите-членки на кои ЕУ нема да има право да ги напаѓа, а исто така семејството да биде означено како основна клетка на општеството.

Иницијативата планира идејна конференција во Варшава овој септември.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Read more
 

Вести

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Читај повеќе

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Читај повеќе

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Читај повеќе

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Читај повеќе

Зајкова: Забрзана ЕУ-интеграција е клучот за иднината на Македонија

Читај повеќе

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Читај повеќе

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Читај повеќе

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Читај повеќе