Помалку заболени со COVID-19, вакцинацијата напредува со засилено темпо

Бројот на новозаболени со коронавирусот во земјава се намалува, а кај граѓаните има интерес за вакцинација. Досега се вакцинирани над 200.000 граѓани, од кои 40.000 се ревакцинирани, што значи дека досега во земјава се дадени 240.000 дози на вакцини.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера информира дека пријавени, а невакцинирани има 150.000 граѓани. Сите пријавени на возраст над 65 години заклучно со 13 мај, ќе бидат вакцинирани до крајот на оваа недела. Тоа опфаќа речиси 47% од граѓаните над 70 години, односно речиси 40% од граѓаните над 65 години.

Министерството за здравство подготвува кампањи за вакцинација, во очекување да пристигнат нови дози вакцини.

Во почетокот на наредната недела, пак се очекува и кај нас да биде воведен зелелен пасош за патување. Зелениот пасош за граѓаните на Северна Македонија кои се вакцинирале против коронавирусот, ќе важи и за оние кои се вакцинираа во Република Србија. Граѓаните се што треба да направат е да се најават на апликацијата и да се испрати електронска пошта со нивни податоци, а кју-ар кодот на сертификатот, што е добиен од која било држава се скенира.

-Кју-ар кодот ќе биде генериран и видлив во апликацијата и сите други кју-ар кодови наменети за ПЦР тестирања, од следната недела. За време на претстојниот викенд и следната недела ќе се споделат технички податоци преку системот на „Мој термин“ што треба акредитираните лаборатории да издадат како свој документ за на таа апликација може да има код, што ќе ги содржи податоците за вакцина или за секој следен ПЦР тест што ќе биде направен, а ќе се генерира со тоа што ќе се внесе кодот во апликацијата, објасни министерот Филипче. Важно е, како што рече, освен документи во хартиена форма да имаме и апликација за што и да биде побарано од нашите граѓани при патување во која било земја ние да бидеме подготвени.

Тој посочи дека македонскиот зелен пасош е усогласен со критериумите на европскиот зелен пасош, односно се води по критериум на Комон пас апликацијата, што е најшироко прифатена и на аеродромите и земјите членки во Европската Унија.

Бројот на новозаразени во вчерашното деноноќие е 46 нови случаи на COVID-19 од направени 3.487 тестирања. Оздравени се 89 пациенти. Пријавени се вкупно 15 починати лица, од кои четири лица починале  во домашни, а останатите 11 во болнички услови.

Се намалува и бројот на приеми и на хоспитализирани. На инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава се лекуваат 379 ковид-пациенти.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Медицинскиот кадар е веќе вратен во своите болници, а во дел од нив во тек е темелно чистење и дезинфекција. Се ослободуваат болничките капацитети, а здравствените власти изразуваат надеж дека нема да се соочиме со некој нов бран. Велат дека се подготвени и знаат што и како треба да направат.

Досега во земјава се направени вкупно 769.471 тестирања на COVID-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.982, бројката на оздравени пациенти е 146.721, на починати е 5.280, а бројот на активни случаи изнесува 2.981.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе