Помош од ЕУ за најпогодените од пожарите

Европската Унија ќе обезбеди 140.000 евра хуманитарни средства за да им помогне на најпогодените семејства и на оние кои беа во првите редови на борбата со пожарите кои избувнаа во Северна Македонија кон крајот на јули.

Овие средства од ЕУ се поддржани и од националниот Црвен крст, кој ќе помага во испораката на потребната помош, вклучувајќи храна и други основни производи.

Корисници на оваа хуманитарна помош ќе бидат 12.600 погодени лица. Дел од хуманитарните средства се храна и хигиенски пакети, пакети за бебиња, сетови за прва помош, душеци, ќебиња, кујнски прибор и постелнина. Исто така, ќе продолжи поддршката за противпожарните тимови што дејствуваат на терен.

Средствата се дел од вкупниот придонес на ЕУ во Фондот за итна помош при катастрофи (ДРЕФ) на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФРЦ).

Од 30 јули оваа година, нашата држава беше погодена од топлотен бран што резултираше со големи пожари во неколку региони во земјата. Тие доведоа до опустошување на шуми, плодно земјиште, посеви и имот на населението. Едно лице загина, а неколкумина беа повредени. Бројни куќи, како и други објекти изгореа и беа оштетени во многу села.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Македонија

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Read more

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Read more

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Read more

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Read more
 

Вести

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Читај повеќе
  • play_arrow

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Читај повеќе

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Читај повеќе

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Читај повеќе

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе