Помпео: Во Вухан се изведуваат тајни воени експерименти

Поранешниот директор на ЦИА и поранешен државен секретар на САД, Мајк Помпео изјави дека на Институтот за вирусологија во Вухан се изведуваат тајни воени експерименти и истражувања.

Тој додаде дека постојат многу докази дека коронавирусот е создаден во лабораторија.
Изјавата на Помпео уследи неколку дека откако американскиот претседател Џо Бајден им нареди на разузнавачите во рок од 90 дена да го утврдат потеклото на SARS-CoV-2.

– Со сигурност можам да кажам дека ние знаеме дека луѓе од лабораторијата соработувале со Народно-ослободителната војска. Така што таму имало и воени активности иако тие тврдеа дека станува збор за строго цивилно истражување, истакна Помпео за Fox News.

Тој додаде дека Кина одбила да каже на што работи и не дозволи пристап на Светската здравствена организација.

– Лабораторијата за тестирање на вируси е сè уште таму и работи. Најверојатно врши тестирања  што доведоа до протекување на вирусот од лабораторијата. Само Комунистичка партија на Кина го знае одговорот, но целиот свет заслужува одговор и тие треба да ни кажат што се случи, наведе Помпео.

Од почетокот на пандемијата Помпео тврди дека вирусот протекол од лабораторијата во Вухан.

– Од пролетта 2020 година постојат докази дека вирусот потекнува од лабораторијата. Знаеме дека имало луѓе кои се разболеле таму, научници кои се разболеле, посочи Помпео, додавајќи дека вирусите во лабораториите биле модифицирани да бидат заразни и потенцијално смртоносни и дека актуелната американска администрација мора да го испита тоа.

реклама

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе
  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе