Попис 2021: Над една третина од граѓаните најчесто користат автомобил, секој петти оди пеш, со велосипед само 2,3%

Автомобилот е најчесто превозно средство кое се користи во нашата земја. Над 35% од вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе до работа или училиште користи автомобил. Пеш оди секој петти, додека градски автобус користат 7% и 2,6% меѓуградски автобус, а велосипед само 2,3%.

Со воз до работа или училиште патуваат само 0,06% или вкупно 341 лице. Над 8% до работа или училиште користат организиран превоз и исто толку, рекле дека користат повеќе од едно превозно средство.

Над 10 илјади граѓани или 1,65% рекле дека не патуваат до работа или училиште.

Мажите најчесто до работа или училиште возат автомобил, и тоа над 40%, потоа околу 17% рекле дека одат пеш, а со градски автобус само 4,4% и 2,1% со меѓуградски автобус. Велосипед користат 2,6%, мотоцикл 0,77%, а воз 0,08%.

Жените најчесто до работа или училиште одат пеш, и тоа над 27%, потоа околу 19% возат автомобил, 10,8% користат градски автобус и 3,34% меѓуградски автобус. Велосипед користат 1,86%, мотоцикл 0,15%, а воз 0,03%.

Ова го покажуваат податоците за вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе според пол и видот на превозното средство кое најчесто го користи до работа или училиште, објавен со третиот сет податоци од Пописот 2021 година.

Автомобилот омилено превозно средство во Скопје, околу 4% користат велосипед

Во Скопје над 42% најчесто до работа или училиште одат со автомобил (38,4 најчесто како возач и 4,1 најчесто како совозач). На второ и трето место како најчесто превозно средство се автобус и пеш – по 13%, додека околу 4% најчесто патуваат со велосипед. Над 10% користат повеќе од едно превозно средство, што значи дел од патувањето е со автобус или автомобил, а дел пеш или некое друго превозно средство.

Речиси половина од мажите во Скопје најчесто до работа или училиште патуваат со автомобил, за разлика од 34% од жените. Речиси 20% од жените во Скопје најчесто патуваат со автобус, за разлика од 8% од мажите. Пеш патуваат над 16% од жените и над 10% од мажите.

Од скопските општини пеш најчесто до работа или училиште одат во Центар – 31% (36% од жените) и Чаир – 24% (26% од жените), додека најретко пеш одат во Бутел – 8% и Ѓорче Петров – 7% (5% од мажите).

Со велосипед до работа или училиште најчесто одат во Аеродром и Карпош – по 6%, а најмалку во Сарај и Шуто Оризари по 1%.

Градски автобус најчесто користат во Шуто Оризари – 26%, Ѓорче Петров – 20% и Гази Баба – 19%, а најмалку во Центар – 4% и Карпош – 8%.

Во Аеродром 17% од жените најчесто користат градски автобус, а тоа го прават само 5% од мажите.

Над половина од мажите во општина Аеродром најчесто користат автомобил, и тоа како возач, 8% одат пеш, 6% со велосипед и само 5% со автобус.

Автомобил најчесто користат и жените во општина Аеродром – 31% како возач и 7% како сопатник. На второ место е автобусот – 17%, потоа пеш – 14% и 5% со велосипед.

Во Бутел над 28% од жените и 11% од мажите најчесто користат градски автобус.

Околу 55% од мажите во општина Бутел најчесто користат автомобил, потоа 11% користат градски автобус, 7% одат пеш и 3% со велосипед.

Над 30% од жените во општина Бутел најчесто користат автомобил (како возач) и 8% најчесто како совозач, 28% користат градски автобус, 10% најчесто одат пеш и само 1% користат велосипед.

Во Гази Баба над 30% од жените и 10% од мажите најчесто користат градски автобус.

Над половина од мажите во општина Гази Баба најчесто најчесто користат автомобил, 10% градски автобус, 6% одат пеш и 3% возат велосипед.

Жените во општина Гази Баба најчесто до работа патуваат со градски автобус – 30 проценти, потоа со автомобил – 26 проценти, 11 проценти најчесто одат пеш и само еден процент најчесто користат велосипед.

Во Ѓорче Петров мажите најчесто користат автомобил, а жените градски автобус.

Над половина од мажите во општина Ѓорче Петров најчесто користат автомобил, потоа 12 проценти патуваат со градски автобус, пет проценти пеш, а четири проценти најчесто користат велосипед.

Меѓу жените во општина Ѓорче Петров, најголемиот дел или над 30 проценти користат градски автобус, потоа 28 проценти автомобил, осум проценти пеш и три проценти велосипед.

Во Карпош над 16 проценти од жените и девет проценти од мажите најчесто до работа одат пеш.

Околу 48 проценти од мажите во општина Карпош најчесто користат автомобил (како возач), девет проценти одат пеш, седум проценти возат велосипед и четири проценти патуваат со градски автобус.

Над една третина од жените во општина Карпош најчесто користат автомобил (како возач), 16 проценти одат пеш, 11 проценти патуваат со градски автобус и пет проценти со велосипед.

Една петтина од жените во Кисела Вода најчесто користат градски автобус, а осум проценти од мажите.

Околу 52 проценти од мажите во општина Кисела Вода најчесто до работа користат автомобил, пеш или со градски автобус одат по осум проценти, а со велосипед најчесто четири проценти.

Над две третини од жените во општина Кисела Вода најчесто до работа одат со автомобил и тоа 28 проценти како возач, а седум како совозач. Над 21 процент одат со градски автобус, 15 проценти најчесто пеш и три проценти со велосипед.

Над половина од мажите и една третина од жените во општина Сарај најчесто користат автомобил.

Над половина од мажите во Сарај најчесто користат автомобил, 16 проценти градски автобус, 10 проценти пеш и само еден процент со велосипед.

Една третина од жените во општина Сарај најчесто користат автомобил (како возач) и девет проценти најчесто како совозач. Над 26 отсто најчесто патуваат со градски автобус и 13 проценти пеш.

Над 36 проценти од жените и 24 проценти од мажите во Центар најчесто на работа одат пеш.

Над 37 проценти од мажите во Општина Центар најчесто користат автомобил, 24 проценти одат пеш и само два проценти користат градски автобус.

Над 36 проценти од жените во Општина Центар најчесто одат пеш до работа или училиште, 24 проценти користат автомобил, пет проценти градски автобус и четири проценти велосипед.

Околу 26 проценти од жените и 22 проценти од мажите во Чаир најчесто на работа одат пеш.

Над една третина од мажите во општина Чаир најчесто користат автомобил, 22 проценти одат пеш, десет проценти со градски автобус и пет проценти со велосипед.

Жените во општина Чаир најчесто на работа или училиште одат пеш – 26 проценти, потоа со градски автобус или автомобил – по 22 проценти и само еден процент со велосипед.

Над 38 проценти од жените и 20 проценти од мажите во Шуто Оризари најчесто користат градски автобус.

Во општина Шуто Оризари 35 проценти од мажите најчесто го користат автомобилот како превозно средство, потоа 20 проценти градски автобус, девет проценти пеш и два проценти со велосипед.

За над 38 проценти од жените во Шуто Оризари најчесто превозно средство е градски автобус, 15 проценти со автомобил, а десет проценти пеш.

Организираниот превоз го заменува градскиот автобус во Битола, Велес, Кавадарци, Прилеп…

Најголем дел од мажите во Куманово најчесто користат автомобил, додека жените најчесто одат пеш.

Над две третини од мажите во Куманово најчесто како превозно средство користат автомобил, 19 проценти одат пеш, 10 проценти организиран превоз, а само еден процент велосипед.

Над две третини од жените во Куманово најчесто до работа или школо одат пеш, 16 проценти користат автомобил, 12 отсто градски автобус и седум проценти организиран превоз.

Во Битола мажите најчесто користат автомобил – 37 проценти, а жените одат пеш – 31 процент.

Во општина Битола мажите најчесто како превозно средство користат автомобил – 37 проценти, 17 проценти организиран превоз, 16 проценти пеш и три проценти најчесто користат велосипед.

Најголем дел од жените во Битола – 31 процент најчесто до работа или училиште одат пеш, 16 проценти користат организиран превоз, 15 отсто автомобил и еден процент велосипед.

Во Тетово 30 проценти од мажите и 45 проценти од жените најчесто на работа одат пеш.

Во Општина Тетово најголем дел од мажите – 39 проценти најчесто како превозно средство користат автомобил, 30 проценти најчесто одат пеш, а девет отсто користат повеќе од едно превозно средство. Околу три проценти возат велосипед.

Жените во општина Тетово најчесто до работа или школо одат пеш – 45 проценти, 20 проценти со автомобил како возач, седум проценти со автомобил, но како совозач и четири проценти користат организиран превоз.

Во Прилеп над 22 проценти од жените и 14 проценти од мажите најчесто користат организиран превоз.

Над две третини од мажите во Прилеп најчесто како превозно средство користат автомобил, 18 проценти најчесто одат пеш, 14 проценти користат организиран превоз, а четири проценти најчесто користат велосипед.

Најголем дел од жените во Прилеп на работа или школо најчесто одат пеш – над 30 проценти, 22 проценти користат организиран превоз, 12 проценти користат автомобил, а два проценти најчесто користат велосипед.

Во Гостивар над 46 проценти од жените и 31 процент од мажите најчесто на работа одат пеш.

Над една третина од мажите во Гостивар најчесто користат автомобил, 31 процент одат пеш и осум проценти користат повеќе од едно превозно средство.

Најголем дел од жените во Гостивар – 46 проценти најчесто до работа или училиште одат пеш, 20 проценти користат автомобил, а шест отсто користат повеќе од едно превозно средство.

Во Охрид мажите најчесто користат автомобил, а жените одат пеш на работа.

Над 41 процент од мажите во Охрид најчесто како превозно средство користат автомобил, 17 отсто одат пеш, седум проценти користат велосипед, а три проценти користат градски автобус.

Најголем дел од жените во Охрид најчесто на работа или школо одат пеш – над 32 проценти, автомобил користат 19 проценти, седум проценти користат градски автобус, а пет проценти велосипед.

Во Струга мажите најчесто за на работа користат автомобил, жените одат пеш.

Над 40 проценти од мажите во Струга најчесто како превозно средство користат автомобил, 21 отсто одат пеш, околу четири проценти користат организиран превоз, три проценти најчесто користат велосипед.

Најголем дел од жените во Струга најчесто до работа или школо одат пеш – над 35 проценти, 18 отсто најчесто користат автомобил, седум проценти користат градски автобус, а шест проценти меѓуградски автобус. Само два проценти најчесто користат велосипед.

Во Струмица над 43 проценти од жените и 25 проценти од мажите на работа или школо најчесто одат пеш.

Најголем дел од мажите во Струмица до работа најчесто одат со автомобил – над 36 проценти, околу 25 отсто одат пеш, а девет проценти користат организиран превоз. Со велосипед најчесто патуваат три проценти.

Над 43 проценти од жените во Струмица на работа или училиште најчесто одат пеш, 15 отсто возат автомобил (како возач), 11 проценти како совозач и пет проценти користат организиран превоз. Еден процент најчесто користат велосипед.

Во Велес 20 проценти од жените и 14 проценти од мажите најчесто користат организиран превоз.

Околу една третина од мажите во Велес најчесто до работа користат автомобил, 22 проценти одат пеш, а 14 отсто користат организиран превоз. Со велосипед најчесто патуваат еден процент.

Најголем дел од жените во Велес – 37 проценти најчесто до работа одат пеш, 20 проценти користат организиран превоз, 8 проценти автомобил, пет проценти градски автобус и четири проценти меѓуградски автобус.

Жителите на Штип најчесто користат автомобил или одат пеш, велосипед не користи речиси никој.

Над 42 проценти од мажите во Штип најчесто како превозно средство користат автомобил, 17 отсто одат пеш, 14 проценти користат организиран превоз.

Најголем дел од жените – 25 проценти до работа најчесто одат пеш, 23 отсто користат организиран превоз, а 17 проценти автомобил. Околу седум проценти користат градски автобус.

Во Кичево над 45 проценти од мажите и 22 проценти од жените најчесто користат автомобил.

Најголем дел од мажите во Кичево – 45 проценти најчесто користат автомобил како превозно средство, 18 проценти одат пеш, девет проценти користат организиран превоз, а само еден процент велосипед.

Една третина од жените во Кичево најчесто на работа или школо одат пеш, 22 проценти користат автомобил, а 12 отсто организиран превоз.

Во Кавадарци над 38 проценти од жените и 20 проценти од мажите најчесто на работа одат пеш.

За најголем дел од мажите во Кавадарци – 37 отсто најчесто превозно средство е автомобилот, 20 отсто одат пеш, а 16 проценти користат организиран превоз. Само еден процент најчесто користат велосипед.

Најголем дел од жените во Кавадарци – над 38 проценти најчесто на работа или школо одат пеш, 21 отсто користат организиран превоз, а 12 проценти автомобил.

Во Кочани над 27 проценти од жените и 19 проценти од мажите најчесто на работа одат пеш.

Најголем дел од мажите во Кочани – над 43 проценти, најчесто како превозно средство користат автомобил, 19 проценти одат пеш, 10 отсто користат организиран превоз, а само еден процент велосипед.

Жените во Кочани најчесто до работа или школо одат пеш – 27 проценти, потоа 22 проценти користат организиран превоз, автомобил најчесто користат 15 проценти, а 10 проценти велосипед.

Тагови
реклама

Македонија

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Read more

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Read more

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Read more

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе