Попис 2021: Околу 3% од резидентното население имаат двојно државјанство

Околу 3% од вкупното резидентно население во земјава имаат двојно државјанство. Најголем дел од нив, околу 37% освен македонско имаат и бугарско државјанство, додека половина од лицата со двојно државјанство се млади од 20 до 34 години и активно население од 35 до 49 години, покажуваат податоците од Пописот 2021, објавени денеска од Државниот завод за статистика.

Од вкупното резидентно население 1.778.725 лица се државјани на Република Северна Македонија, 53.201 се државјани на Република Северна Македонија и друга држава, 4.203 се државјани само на друга држава, а 584 лица немале државјанство.

Интересно е тоа што, додека двојно државјанство повеќе имаат мажите – 30.003, отколку жени – 23.198, државјани на друга држава кои живеат во нашата земја се повеќе жени – 2.824, од мажи – 1.379.

По старосни групи, најголем дел од резидентното население со двојно државјанство се на возраст од 35 до 39 години – 5.190 лица. Половина од лицата со двојно државјанство се млади од 20 до 34 години – 11.768 или 22% и активно население од 35 до 49 години – 15.171 или 28,5%.

Од вкупно 53.201 граѓанин со двојно државјанство, најголем дел (19.645) освен македонското имаат и бугарско, по што следат 10.909 и со српско, 3.819 и со хрватско, 2.393 и со косовско и 2.164 и со албанско државјанство.

Според етничката припадност, најголем дел од граѓаните со двојно државјанство се Македонци – 58,8%, потоа Албанци – 16,04% и Срби – 10,7%.

Тагови
реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Македонија

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Read more

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Read more
 

Вести

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе

Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Читај повеќе

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе