Израелскиот фудбалски тренер Аврам Грант се соочува со најмалку шест обвиненија за сексуално вознемирување.
ФИФА отвори истрага пред месец и половина, а израелската телевизија Channel 12 ја продлабочи истрагата. Тие дознале детали за тоа како Грант малтретирал млади девојки кои сакале да работат во клубовите што тој ги водел.
Една од девојките во документарецот тврди дека Грант се обидел да ја наведе на проституција додека таа сè уште била во средно училиште. Тој наводно ѝ испраќал пораки и негови фотографии, а потоа тврдел дека ги пратил случајно. Девојката раскажала дека тој еднаш сакал да ја нападне во автомобилот, но таа го оттурнала и побегнала и тоа било крајот на нивната врска.
Двете девојки рекле дека Грант им платил за секс. Едната од нив вели дека ѝ ветил работа по отслужувањето на воениот рок.
Грант ги демантираше сите овие приказни и нагласи дека неговиот однос со жените секогаш бил коректен и дека никогаш не сакал да им наштети.
Грант во текот на својата кариера беше тренер на голем број израелски клубови, но сепак е најпознат по водечките англиски клубови Челси, Портсмут и Вест Хем. Беше селектор и на селекциите на Израел и Гана, а во 2012 година го предводеше и белградски Партизан.