Порасна бројот на жртви во Виена, 7 повредени се во критична состојба

Б.С.Б.
/ 03.11.2020 / 12:31

Според последните информации, бројот на настрадани во нападот во Виена порасна на петмина починати, што значи дека починаа четири минувачи и еден напаѓач.

Информацијата е потврдена од австриското МВР, соопштено е дека четвртата жртва е жена. Во болница се наоѓаат 17 повредени од кои 7 се во критична состојба.

Во тек е полициска акција и се трага по осомничените. Напаѓачот од Виена е идентификуван како Кујтим Фејзулаи, за кого министерот за внатрешни работи Карл Нехамер потврди дека минатата година бил осуден поради обид да се приклучи на Исламска држава. Станува збор за 20-годишно момче чии родители се Албанци од Македонија, имал двојно државјанство и им бил познат на полициските органи од претходно.

На 22 април минатата година бил осуден на 22 месеци затвор поради обид да замине за Сирија и да се приклучи на ИД. На слобода бил пуштен на 5 декември, а му се судело како на малолетник.

Полицијата влегла во неговиот стан и по пребарувањето истиот е запечатен.

„Беше оружен со лажен експлозив, автоматска пушка и со мачета“, соопшти министерот.

Полицијата изврши претрес на домовите на терористите и приведе лица за кои се сомнева дека се поврзани со синоќешниот напад во Виена.

Не е јасно за колку напаѓачи станува збор, приведени се уште 12 луѓе и во тек е претрес на становите на осомничените.

Remote video URL
реклама

Кружен ток не е за секој

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Се буди вулканскиот масив на Камчатка

Read more

49 пациенти кои оделе на дијализа починале како последица од COVID-19

Read more

Свет

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Read more

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Read more

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Read more

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе