Поразителни бројки: Годинава 2.990 Македонци аплицирале за бугарски пасош

Двојно се пораснати вкупните барањата за добивање бугарско државјанство во последните три години, пишува БГНЕС повикувајќи се на податоци од Министерството за правда.

Така, во периодот од почетокот на јануари до 24 ноември годинава поднесени се 75.805 барања.

Податоците во периодот од јануари 2020 година до крајот на ноември годинава укажуваат на двоен раст на барањата за државјанство: во 2020 година биле вкупно 11.447, во 2021 година – 20.094, во 2022 година 20.825 и во оваа година вкупно 23.439.

Најголем број барања за добивање бугарско државјанство доаѓаат од државјани на Македонија. Во пандемијата на COVID-19 во 2020 година тие биле 2.551, во 2021 година – 3.428, во 2022 година 2.051 Македонци побарале да станат Бугари, а во 2023 – 2.990.

Граѓаните на Украина се рангирани на второто место, а нивниот број се удвојува за две години, веднаш по војната со Русија. Така, во 2020 година бугарско државјанство бараат 1.886 Украинци, во 2021 година – 3.133, во 2022 година –- 4.508, а во 2023 година – 3.141.

Драстично зголемување забележуваат и граѓаните на Турција, а за три години нивниот број скокнал речиси десет пати. Во 2020 година 660 граѓани поднеле барање за државјанство, а во 2023 година нивниот број се зголемил на 5.935 лица.

Постојан интерес за стекнување бугарско државјанство покажуваат и граѓаните на Молдавија, Албанија и на Србија, а за три години бројот на Молдавци се намалил – од 2.068 во 2020 година на 1.518 во 2023 година; кај Албанците се удвоил – од 1.022 во 2020 година на 2.992 во 2023 година; а кај Србите – од 800 во 2020 година на 1.151 годинава.

Многу баратели за бугарско државјанство поднесуваат фалсификувани и лажни документи, информираат од бугарското Министерство за правда.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе