Pornhub укина две опции за корисниците и најави низа промени за содржините

Pornhub направи значителни промени кои се однесуваат на политиката за содржини откако во колумна на New York Times беа документирани илјадници порнографски содржини меѓу кои и за силување и сексуално малтретирање малолетници, кои лесно циркулираа на овој сајт за возрасни.

Од Pornhub најавија низа промени кои значително ќе влијаат на спречувањето несогласно поставување видео содржини на нивните сервиси и ветија подобра контрола на содржините.

Корисниците на овие услуги повеќе нема да можат да стават видеоснимки доколку нивните канали не се верификувани, односно потврдени од Pornhub. Исто така, корисниците повеќе нема да имаат можност да симнуваат видеа од овој сајт за возрасни, ќе се имплементира нова политика и во наредната година ќе биде објавен извештај за транспарентност.

Во колумната на Николас Кристоф се напомнува дека Pornhub има само 80 модератори, луѓе кои ја контролираат содржината, додека Facebook има над 15.000 модератори само во САД. Pornhub истакнува дека направиле нов Red Team, задолжен за отстранување илегална содржина на овој сајт. Истакнуваат дека работат со 40 непрофитни организации за да ги отстранат навредливите снимки.

По реакцијата на сајтот, се огласи и Кристоф на Twitter.

„Многу зависи од тоа колку одговорно Pornhub ги имплементира овие правила, воопшто не ја придобија мојата доверба, но овие правила се од големо значење. Многу работи ќе се разликуваат од тоа дали веќе објавените содржини на нивната страница ќе бидат забранети или отстранети“, смета тој.

URL
Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе