Manthey Racing е едно од истакнатите имиња во светот на трките на патеката Нирбургринг, а исто така е познат по тјунирање на автомобилите на Porsche.
Новата креација е 718 Cayman GT4 MR.
Направени се некои нови измени, автомобилот доби нови спојлери, сет ковани фелни.
Го движи 4,0-литарски 6-цилиндричен боксер мотор кој испорачува 414 коњски сили и 419 Nm максимален вртежен момент.
Од 0 до 100 км/ч забрзува за 4,4 секунди и достигнува максимални 303 км/ч.