Последици од климатските промени: Избелен е речиси целиот Голем корален гребен

Дури 98 отсто од Големиот корален гребен во Австралија е погоден од штетниот феномен на избелување на коралите, што значи дека само мал дел од најголемиот гребен систем е недопрен, според студијата објавена минатата недела.

Еден труд објавен во рецензираното списание Current Biology открива дека од првиот голем феномен на белење во 1998 година, само два отсто од големиот подводен екосистем го избегнал влијанието на избелувањето. Таа година температурата ја достигна највисоката вредност што некогаш е забележана. Оттогаш тој неславен рекорд неколку пати беше соборен.

Топлотните бранови ги избелуваат коралите

Водечкиот автор Тери Хјуз од ARC Центарот за извонредност за студии на корални гребени на Универзитетот Џејмс Кук рече дека фреквенцијата, интензитетот и јачината на топлотните бранови кои предизвикуваат белење на коралите се зголемуваат.

Феноменот на избелување на коралите е предизвикан од скокови на температурата на морето. Коралите тогаш ги исфрлаат алгите кои обично живеат во нивното ткиво, со што ги губат своите светли бои.

Големиот корален гребен претрпе три големи избелувања, во 2016, 2017 и 2020 година, што сериозно го наруши здравјето и опстанокот на големи количини корали.

Шансите за преживување се многу мали

Научниците во јули објавија дека коралите покажале одредени знаци на опоравување во текот на изминатата година, но признаваат дека шансите за опстанок на овој екосистем долг 2.300 километри се многу мали на долг рок.

За гребенот исто така се штетни и циклоните, фактор што се влошува со климатските промени.

Истражувањата покажаа дека коралите кои претходно биле изложени на топлотни бранови биле помалку подложни на стрес предизвикан од топлина. Сепак, коавторот Шон Коноли од Институтот за истражување на тропите при Смитсонијан предупреди дека почестото и посилното избелување ќе ја намали отпорноста на гребенот.

На коралите им треба време за да се опорават

„На коралите им треба време да се опорават пред повторно да бидат изложени на топлински стрес, за да можат да создадат потомство што ќе се рашири низ уништените делови на гребенот. Исклучително е важно да се намали влијанието на климатските промени“, нагласува Коноли.

Овие бројки беа објавени во време на важниот самит за климатски промени во Глазгов, Шкотска, на кој Австралија вети дека ќе постигне јаглеродна неутралност до 2050 година, но не и дека ќе постигне до 2030 година.

Австралиската економија во голема мера се потпира на употребата на фосилни горива и е исто така еден од најголемите светски извозници на јаглен и нафта, но австралиската конзервативна влада се спротивставува на промената на таа штетна навика.

реклама

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе